
Измамена жена од Скопје – внука и згазила дете, ги фрлила парите од тераса за да не оди во затвор!
На 17.07.2025 во 11.00 часот во СВР Скопје, 80-годишна жена од Скопје пријави дека на 16.07.2025 била измамена од едно машко лице за сума од околу 900 евра.
Според пријавеното, лицето ѝ се јавило телефонски, се претставило како полициски службеник и ѝ кажало дека нејзината внука предизвикала сообраќајна несреќа во која прегазила дете, кое починало и доколку не сака таа да лежи во затвор, требало да плати.
Како што е пријавено, таа парите ги фрлила преку тераса, како што претходно и кажало лицето, а подоцна сфатила дека била измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
