Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Започна трката во САД кој прв ќе отвори рудник за бакар – Македонија не може да се пофали со раст во рударската индустрија
Македонија

Започна трката во САД кој прв ќе отвори рудник за бакар – Македонија не може да се пофали со раст во рударската индустрија

18/07/2025

AA

Се нижат најавите за изградба на нови рудници за бакар во САД. Откако администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ги забрза процедурите за изградба на рудникот „Resolution“ во Аризона, чиј инвеститор после долги години ја доби судската разврска, сега сè почести се гласините за идејата за рудник за бакар „Санта Круз“, јужно од Феникс. Според пишувањата на весникот „Wall Street Journal“, овој рудник ќе го сруши рекордот за најкус период од почеток со работа до готов производ.

„Трката за изградба на рудници за бакар во САД започна откако Трамп најави повисоки тарифи за увоз и речиси 6.000 хектари старо земјоделско земјиште во Аризона, некогаш наменето за населби, е на добар пат да стане дом за првиот голем нов рудник за бакар во САД по повеќе од една деценија. Ако сè оди според планот, „Ivanhoe Mines“ ќе започне со изградба на својот рудник „Санта Круз“ на почетокот на следната година и ќе продава бакарни катоди пред крајот на 2028 година. Тоа е „дур да трепнеш со око“ за рударството, каде што периодот од откритието до производството најчесто се мери со децении“, пишува весникот.

Трамп неодамна најави дека САД ќе воведат царини од 50 проценти на бакарот, почнувајќи од 1 август, за да ја зајакнат националната безбедност, бидејќи овој метал се користи за чипови, литиум-јонски батерии па се до производство на муниција. Неговата цел е да се зголеми домашното производство. Првиот човек на инвеститорот „Ivanhoe Mines“, Роберт Фридланд, во интервју за „Фајненшел Тајмс“, истакна дека ваквиот потег на Трамп бил добар „повик за будење“, особено поради ранливоста на САД.

„Ја пофалувам администрацијата на Трамп за тоа што го направи, бидејќи е очигледно паметно – Америка треба да го произведува овој метал. Постои нов список на критични суровини и без него не можете да направите ништо во врска со глобалното затоплување или зазеленувањето во светската економија, а имате и критична ранливост во националната безбедност“, изјави Фридланд.

Новиот список на критични минерални суровини неодамна беше дополнет од властите во Брисел, кои на оваа листа ги поставија и бакарот и литиумот, со цел Унијата да не биде зависна од трети страни како што е Кина додека се работи на енергетската транзиција и исполнувањето на целите од зелената агенда. Во меѓувреме, после најавата на Трамп за повисоки царини за увоз на бакар, дел од фирмите во САД кои увезувале бакар и потоа го продавале на производителите на електрични возила, велат дека веќе запираат со нови набавки од странство и сега ги трошат залихите.

„Го повикав нашиот најголем клиент и му кажав да бидат подготвени, зашто ќе има некои проблеми со цените на бакарот“, изјави Чарлс Барежа, сопственик на „Метал Асосиејтс“.

Засега е неизвесно дали новите рудници во САД ќе успеат да произведуваат бакар до исцрпувањето на залихите. Трамп ги скрати процедурите за отворање на рудник на само 28 дена, иако во просек целата постапка претходно траела од година до две. Рудникот „Resolution“ се проценува дека е проект вреден 64 милијарди долари, кој ќе трае 60 години и ќе произведе 25% од предвидената побарувачка на бакар во САД за следните неколку децении. Од друга страна, рудникот „Санта Круз“ се проценува дека би можел да произведува 72.000 тони бакарна катода годишно во текот на првите 15 години од постоењето. Покрај овие два рудника, се очекува да се деблокираат и проектите за рудниците за бакар „Northern Dynasty Pebble“ во Аљаска и „Twin Metals“ во Минесота. Производството на бакар најави дека ќе го зголеми и постоечкиот рудник „Кенекот“ во сојузната држава Јута.

Пред само два месеца и Европската Унија одобри во земјите-членки да се градат рудници за критичните минерални суровини.Зелено светло имаат 47 проекти, лоцирани во тринаесет земји, а дополнително Брисел најави дека ќе обучува сто илјади рудари, инженери и друг вид на потребен квалификуван кадар.

Кај нас пак, уделот на рударството во индустриското производство е сѐ помал, а во последните 40 години воопшто не е отворен нов масивен рудник. Според последните податоци, уделот на секторот Рударство и вадење камен во индустриското производство во октомври 2024 година, во однос на октомври 2023 година, бележи опаѓање од 8,2%.

Од новоформираното Министерството за енергетика неодамна информираа дека Македонија има рударски потенцијал што вреди суво злато и додаваат дека идниот развој мора да се заснова врз еколошки стандарди. Што се однесува до ископот на бакар во земјава, неизвесна е судбината на инвестицијата за рудник за бакар во Иловица, на компанијата „Еуромакс ресоурцес“, откако претходно нереализирани останаа најавите за рудник за бакар на Кожув на канадската фирма „Резервоар минералс“, но и рудникот за бакар во Казандол на англиско-украинскиот конзорциум Сардич.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy