Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Изложбата „Го сакам Охрид…ама го љубим и Тетоо“ на Ѓоко Симјаноски во петок во Тетово
Македонија

Изложбата „Го сакам Охрид…ама го љубим и Тетоо“ на Ѓоко Симјаноски во петок во Тетово

22/05/2023

AA

Ликовната изложба „Го сакам Охрид…ама го љубим и Тетоо” на охридскиот сликар Ѓоко Симјаноски ќе биде поставена овој петок, на 26 мај, во Дом на АРМ / Музеј на тетовски крај, со почеток во 19 часот. Станува збор за целина од 45 охридски и тетовски мотиви, во сув пастел.

Симјаноски, водителот на култната охридска емисија „Филмско око” (878 емисии), низ своја призма ни ги задава убавините на Тетово и Охрид, градовите кои го одбележуваат неговиот живот, понудувајќи една поинаква димензија на автентичното архитектонско наследство и природата околу која гравитираат овие импозантни зданија, дел и веќе непостоечки.

Оваа изложба го овековечува несекојдневното секојдневие, сведочи за колоритноста и отвореноста на веќе одминатото време, трагајќи по нова енергија и нови приказни кои ќе се доживуваат и прераскажуваат, стои во описот за изложбата. Оваа ликовна изложба е во соработка со Музејот на тетовскиот крај.

Ѓоко Симјаноски роден е во Скопје во 1947 година, a oсновното образование го стекнал во Охрид, Тетово, с. Вруток и Гостивар. Средно техничко училиште, електро насока, завршил во Скопје. Високата техничка школа, електро насока, ја завршил во Битола.

Како електро инжинер работел во ЕМО Охрид од 1971 до 1978 година а продолжил во Завод за урбанизам и архитектура до пензионирањето во 2011 година.

Освен во струката, како надворешен соработник работел во Радио Охрид (над 32 години) и Телевизија ТВМ Охрид. Добитник е на Наградата Сребрена значка за најдобар прилог од Здружението на на локалните радио станици на Македонија.

Од 1996 година до 2018 година, уредник и водител е на емисијата за филм „Филмско око”, во траење од 22 сезони со вкупно 878 емисии. Има изработено голем број на емисии и документарни прилози и филмови, меѓу кои и над 350 емисии на „Музички слалом”, 90 емисии на „Кино бавча”, како и филмовите „Охридското кино Парадизо”, „Песната како повод за разговор” (1 и 2), „Охридските брилијанти”, „Живот како виножито” и др.

Во 1997 година има поставено прва самостојна изложба во Охрид, под насловот „Охрид, Охрид, Охрид убав мил”, како и истата година во Кичево – со насловот „Охридски мотиви”. Оваа година, во февруари во Охрид ја има поставено самостојната изложба на портрети „Беше еднаш Холивуд”, претставувајќи ги златните години и омилените актери од Холивуд.

Има учествувано на голем број на ликовни колонии и групни изложби.

Активен член  е на фото – клуб „Охрид” веќе 10 години, со учество на сите годишни изложби на клубот.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СВЕТЛАНА МОЈСОВ ОДЛИКУВАНА СО ОРДЕН „8 СЕПТЕМВРИ“ Македонија се гордее

26/09/2026
Македонија

ПРВО ЕДНА ИЗБОРНА ЕДИНИЦА, ПА ОТВОРЕНИ ЛИСТИ Платформата 12.05 нуди

26/09/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ Е ФРАКЦИЈА ВО СДСМ И МОРА ДА ЈА ОСЛОБОДИ

26/09/2026
Македонија

ТЕТОВЕЦ ОСОМНИЧЕН ЗА СИЛУВАЊЕ ДЕТЕ САМ СЕ ПРИЈАВИЛ ВО ПОЛИЦИЈА

26/09/2026
Македонија

НАПРЕДОКОТ Ѝ Е ПОТРЕБЕН НА МАКЕДОНИЈА БЕЗ РАЗЛИКА ДАЛИ ЌЕ

26/09/2026
Македонија

РУБИН ЗЕМОН СЀ УШТЕ СЕДИ ВО ПРВ РЕД ВО СДСМ

26/09/2026
Македонија

ИСТРАГА ЗА ИНСПЕКТОРКАТА ЗА ХРАНА ШТО БАРАЛА МИТО Се бара

26/09/2026
Македонија

РОДИТЕЛ НАТЕПАЛ ДРУГАР НА СИНОТ Тинејџерот со повреди бил примен

26/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45823
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СВЕТЛАНА МОЈСОВ ОДЛИКУВАНА СО ОРДЕН „8 СЕПТЕМВРИ“ Македонија се гордее со потеклото и со дострелите

26/09/2026

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, на свечена церемонија во „Вила Водно“, денеска ја одликуваше Светлана Мојсов со Орден „8 Септември“ за извонредниот

ПРВО ЕДНА ИЗБОРНА ЕДИНИЦА, ПА ОТВОРЕНИ ЛИСТИ Платформата 12.05 нуди нов општествен договор

26/09/2026

Демократската платформа „Разговори за иднината во 12:05“ денеска ја одржа втората сесија посветена на јубилејот од етаблирањето на независна и

ФИЛИПЧЕ Е ФРАКЦИЈА ВО СДСМ И МОРА ДА ЈА ОСЛОБОДИ ЗАРОБЕНАТА ПАРТИЈА Ивановски му порача

26/09/2026

Венко Филипче и кликата околу него, која што е политичко бизнис профитерска се фракцијата во СДСМ. Членството во огромно мнозинство,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy