Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ИЗГУБЕНАТА ДОБИВКА И ТРОШОЦИТЕ ЗА ПРЕСУДИ СЕ САМО ДЕЛ ОД ОТШТЕТАТА „Еуромакс Ресоурцес“ најави можна меѓународна арбитража за случајот со рудникот Иловица
Македонија

ИЗГУБЕНАТА ДОБИВКА И ТРОШОЦИТЕ ЗА ПРЕСУДИ СЕ САМО ДЕЛ ОД ОТШТЕТАТА „Еуромакс Ресоурцес“ најави можна меѓународна арбитража за случајот со рудникот Иловица

26/04/2024

AA

Продоложува молкот на властите по минатонеделната најава за меѓународна арбитража на инвеститорот во рудникот за бакар во Иловица „Еуромакс ресоурцес“, но кај дел од експертската јавност веќе се поставуваат прашањата за висината на евентуалната отштета што ќе се одлее од државниот буџет.

Компанијата ѝ даде рок на Владата да постапи по нивното барање за спојување на двете концесии до Нова
година, а ако тоа не се случи државата и инвеститорот ќе се соочат пред меѓународен суд. Неофицијално, сумата што би требало да ја исплатат граѓаните, доколку Македонија го загуби спорот, надминува една милијарда евра.

Оваа најава за арбитража следува откако Владата минатата година одлучи позитивно по барањето за спојување на концесиите, поткрепено со соодветно мислење од Министерството за економија, но по само неколку недели ја поништи веќе донесената позитивна одлука. Инвестицијата сега е повторно во статус-кво, иако и судските пресуди наложуваа Владата да се произнесе по барањето на инвеститорот.

Минатото лето, министерот за економија Крешник Бектеши истакна дека последната владина одлука само ја изложува Македонија на потенцијална арбитражна постапка, која може македонските граѓани во иднина да ги чини милионски суми како отштета.

Според него, поништувањето на одлуката на Владата дополнително може да оди во полза на меѓународната арбитража на инвеститорот.

– После 5-6, 10 години, моите и вашите деца и на сите граѓани од денешните одлуки ожат да патат во иднина и да плаќаат милионски суми за административни – технички пропусти – изјави тогаш Бектеши.

Неодамна, адвокатот Габриел Лански, од адвокатската куќа Lansky, Ganzger, Goeth & Partner која е правен застапник на Еуромакс ресоурсес, истакна дека тие имаат целосно јасен предмет, којшто трае веќе десет години. Според него, земјава има, како што рече, смешен правен систем, па треба да се одлучи или да функционира независниот судски систем или политичките тела кои имаат свои влијанија.

– Се сеќавам на денот кога одеднаш бевме сите многу среќни, на 27 јуни минатата година, кога имаше една одлука со која бевме многу задоволни. Јас бев задоволен што ќе го завршам предметот на којшто работев и нема да мора да ескалира, меѓутоа не многу подоцна дознаваме за повлекување на оваа одлука. Тоа не сум го видел во
мојата 40-годишна кариера како адвокат, вели Лански.

Тој, на прес-конференцијата во Скопје, истакна дека постојат одлуки на Вишиот управен суд во корист на компанијата, но Владата двапати ја игнорирала таа одлука, во 2020-тата година и денес.

– Имате и ситуација до којашто дојде поради други системски елементи. Тоа е еден круг на одлучување, којшто почнува со министри од Владата, па комисија, па Управен суд, па Виш управен суд и постојано се вртиме во круг на контрадикторни одлуки, со години. Постојано се движиме во еден круг, потенцира адвокатот.

Поради овие причини, „Еуромакс ресоурцес“ дал насоки да се подготви меѓународна арбитража, која, според Лански, би тежела значајна сума и за државата би била штетна.

– Се работи за обесштетување како последица на фактичка експропријација – тоа е законската формулација. Се работи за сериозни анализи на вредноста на штетата што е претрпена на сметка на „Еуромакс“. Тоа ги вклучува и трошоците за сите постапки до денес, како и штети коишто се настанати поради прекршувањето на правото, како и отштета за изгубена добивка.

Тоа е еден сериозен процес во којшто ќе работиме заедно со нашите клиенти и проценители, коишто се лица специјализирани на полето на вакви многу прецизни пресметки. Износот којшто го споменав е долната граница за она за што се зборува и кога ќе поднесеме барање, арбитражниот суд за инвестиции, согласно нивните правила коишто јасно се дефинирани во процесот на меѓународната арбитража, тие ќе одлучат за износот, одговори Лански на новинарско прашање.

Тој додаде дека има долгогодишно искуство со вакви меѓународни предмети и не би се појавил на прес-конференција само за да кажа „лесно е ова за нас, ние ќе го добиеме предметот и готово“.

– Темелно истражувајќи го и анализирајќи го предметот, сметам дека е многу чист предмет и не можам да разберам зошто земјата не принудува да одиме по овој пат. Верувајте ми, Северна Македонија ќе го изгуби овој предмет, овој спор и луѓето од оваа земја ќе мора да исплатат значителен износ на средства – заклучи Лански.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy