
ИЗГОР ЛЕТО ВО ЦРНА ГОРА, ЛЕЖАЛКИ И ЧАДОР И ДО 180 ЕВРА: Ако сте на чекор од морето се плаќа многу
Во текот на
летната сезона едно од главните прашања е колку чинат лежалките и чадорите на
плажа. Во Црна Гора одат и до 180 евра, во зависност од желба и длабочината на
вашиот џеб. Во шпицот на сезоната се очекува раст на цените, а додека на некои
туристи не им пречат цените, други ги нарекуваат легален грабеж.
Тимот на TVCG
посети дел од брегот и ги потврди овие цени, пишува порталот RTCG.
Цените се
различни од Улцињ до крајот на Бока. Цената не ја одредува само плажата на која
лежите, туку и редот лежалки што сте ги избрале.
Некаде цените се
20, некаде 40, а на некои плажи и 180 евра.
Цената зависи и
од тоа дали сакате плиткото да биде пред вас, па за таа лежалка ќе платите
неколку десетици евра повеќе од онаа од која ќе треба да пешачите до водата.
Бранот
поскапувања не го заобиколи ниту брегот. Побарувачката ја диктира понудата, а
сезоната 2023 ќе биде одлична, смета професорот Мишко Раѓеновиќ. Сепак, вели
дека еден дел од понудата е прескап.
– Сигурен сум
дека веќе во овој момент голем дел од понудата на плажите премногу ги зголеми
цените – вели Раѓеновиќ на ТВЦГ.
– Според моите
информации, цените нема да останат на ова ниво, туку значително се менуваат од
првите денови на јули и така ќе останат до почетокот на септември или крајот на
август – вели Раѓеновиќ.
Фото: Unsplash/Petar Lazarevic
