Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Изетбеговиќ ги повика исламските земји да се ангажираат за БиХ, Додик повика на отцепување
Регион

Изетбеговиќ ги повика исламските земји да се ангажираат за БиХ, Додик повика на отцепување

06/09/2023

AA

Ги повикувам исламските земји да се ангажираат во БиХ и да ги надминат САД, изјави лидерот на бошњачката Партија на демократска акција (СДА), Бакир Изетбеговиќ. 

Тој во интервју за Ал Арабија повика на посилно ангажирање на исламските земји во Босна и Херцеговина за да го надминат Западот предводен од САД, обвинувајќи го дека работи во интерес на Хрватите и Србите. Според него, Западот помага нештата да се решат со договор, со компромис на наша штета. 

„Затоа е потребно посилно влијание на исламските земји за да се направи баланс. Исламските земји треба посилно да застанат со нас. Да покажат повеќе грижа“, кажа Изетбеговиќ за меѓународниот арапски информативен канал кој го финансира Саудиска Арабија.

Рече дека ситуацијата во политиката денес е слична на онаа од војната кога Западот наметна ембарго на оружје поради што „Бошњаците не можеа да се бранат“.

Вели дека владата на Соединетите Американски Држави ѝ попушта на српската страна поради војната во Украина.

„Пред сè ѝ прават отстапки на Србија за да ја одвлечат од Русија и (рускиот претседател Владимир) Путин)“, оцени Изетбеговиќ.

Рече дека тие одлучија фактички да ја отстранат од власта босанската, муслиманската партија, да доведат алтернатива од бошњачкиот корпус која прави отстапки на српската и хрватската страна кои станаа агресивни.

Кажа и дека на подрачјето на денешна БиХ низ повеќевековната историја никој не се изјаснувал како Србин или Хрват, туку дека сите биле „Босанци или Бошњани од различни вери“. Изетбеговиќ рече дека тоа се сменило под притисоци и влијание од Србија и Хрватска.

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, нагласи дека ентитетот што тој го предводи ќе се отцепи од БиХ доколку високиот меѓународен претставник наметне закон за државен имот, и негираше дека може да заврши во затвор ако го осудат за негирање на одлуките на Кристијан Шмит. Сепак, Додик не објасни како Република Српска, која е еден од двата ентитета во Босна и Херцеговина, ќе стане независна.

foto EPA

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

167 ПРЕКРШОЦИ ЗА САМО ПЕТ ЧАСА Засилени контроли возачите на

29/09/2026
Македонија

ПО ХАВАРИЈАТА ВО „НОВА МАКЕДОНИЈА“, ВРАБОТЕНИТЕ ЌЕ РАБОТАТ ОД ДОМА

29/09/2026
Македонија

📽️ 📷 СНАЈПЕР, ПУШКИ И ЗНАМЕ НА ИСИС НАЈДЕНИ КАЈ

29/09/2026
Македонија

КЛЕКОВСКИ СЕКОЈ ДЕН МЕРИ ПРИТИСОК И ТЕЖИНА, ЗОШТО НЕ И

29/09/2026
Македонија

МИЦКОСКИ САКА НАТО ИЛИ ЕУ ДА БИДАТ ДЕЛ ОД ПРЕГОВОРИТЕ

29/09/2026
Македонија

СТРУЈА ВО „НОВА МАКЕДОНИЈА“ ЌЕ НЕМА УШТЕ 5-6 ДЕНА Цевката

29/09/2026
Македонија

ПО 15 ГОДИНИ БИТОЛСКА „НИСКОГРАДБА“ ДОБИ НОВА МЕХАНИЗАЦИЈА На подарок

29/09/2026
Македонија

СЕ ОТВОРА СТУДЕНТСКИОТ ДОМ „СТИВ НАУМОВ“ Наскоро ќе се отвори

29/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45872
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

167 ПРЕКРШОЦИ ЗА САМО ПЕТ ЧАСА Засилени контроли возачите на тротинети низ цела Македонија

29/09/2026

Дури 167 прекршоци констатирала полицијата при засилена акциска контрола на возачи на електрични тротинети спроведена во целата држава. Контролата ја

ПО ХАВАРИЈАТА ВО „НОВА МАКЕДОНИЈА“, ВРАБОТЕНИТЕ ЌЕ РАБОТАТ ОД ДОМА Владата препорача привремена реорганизација на

29/09/2026

Вработените во осум државни институции сместени во зградата на „Нова Македонија“ привремено да ги извршуваат работните обврски од дома, препорача

📽️ 📷 СНАЈПЕР, ПУШКИ И ЗНАМЕ НА ИСИС НАЈДЕНИ КАЈ ГРУПА ВО СКОПЈЕ Акцијата на

29/09/2026

Автоматски и снајперски пушки, пиштоли, муниција, тактички елек, радиоврски и знаме на ИСИС биле пронајдени во акцијата во која полицијата

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy