Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Избрани тројца кандидати за судија во Стразбур
Македонија

Избрани тројца кандидати за судија во Стразбур

26/11/2025

AA

Комисијата за избор на кандидат на Република Северна Македонија за судија во Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) во Стразбур утврди тројца кандидати кои ќе бидат испратени на разгледување до експертскиот панел на Советот на Европа. Предложени се адвокатите Јордан Апостолски и Наташа Бошковска, како и професорот Сашо Георгиевски.

На прес-конференцијата, претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, соопшти дека одлуката е донесена врз основа на критериумите за висок морален интегритет, професионални квалификации за вршење судиска функција и признат правнички углед.

„Мал број од кандидатите го исполнуваа условот за квалификации за извршување судиска функција. Професорот Георгиевски е препознаен како угледен стручњак, а двајцата адвокати имаат значајно искуство во областа на човековите права“, наведе Костадиновски.

Гласањето било спроведено тајно. Двајца од предложените кандидати добиле по пет гласа, а еден кандидат освоил четири. До крајот на неделата, листата ќе биде испратена до експертскиот панел на Советот на Европа, кој ќе ја даде конечната оценка.

„Кога ќе го добиеме одговорот, ќе ја известиме Владата дали изборот добил зелено светло или не. Во зависност од тоа, постапката ќе продолжи“, рече Костадиновски. Тој појасни дека по известувањето, Владата ја поднесува листата до Комитетот при Советот на Европа, кој потоа спроведува интервјуа со кандидатите. По интервјуирањето, предлогот оди на пленарен состанок на Советот на Европа. Следната пленарна седница е во јануари, а наредната во април, за што, како што рече, се очекува до тогаш да биде завршена постапката.

Меѓу кандидатите што се пријавија, но не беа избрани, се и Оља Ристова, Тони Менкиноски, Наташа Габер, Александар Даштевски, Али Алиу, Илир Исени, Јелена Ристиќ и Ана Дангова Хуг.

Костадиновски додаде дека Комисијата постапувала согласно насоките од Државната комисија за спречување на корупцијата, која претходно укажа на можни ризици од судир на интереси. По одлуката на ДКСК, дел од членовите за кои било побарано изземање се изземаа од гласање за одредени кандидати.

Владата во јули ја поништи претходната листа и формира нова Комисија со петмина членови: претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски, претседателот на Врховниот суд Африм Фидани, претседателката на Основниот кривичен суд Даниела Димовска, претседателот на Основниот граѓански суд Бесник Авдија и директорката на Академијата за судии и јавни обвинители Ирина Трајкоска Стрезоски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy