
Избоден со нож началникот на струшката полиција
Тежок инцидент вечерва во Струга. 4NEWS.mk ексклузивно дознава дека едно лице е прободено со нож и дека станува збор за началникот на струшката полиција.
“Денеска (28.07.2023) околу 19 часот во Струга од полициски службеници од ОВР Струга е лишен од слобода С.Н. (44) од струшкото село Велешта, затоа што денеска околу 17.30 часот на улицата „Ристо Крле“ во Струга со остар предмет го нападнал А.Д.(46) од Струга. А.Д. е пренесен во Општата болница во Струга каде му се констатирани тешки телесни повреди”, велат од МВР за 4NEWS.mk
Против напаѓачот, во координација со јавниот обвинител ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
Според последните информации, началникот е во тешка состојба и во животно-загрозувачка состојба.
