
Ивановски по голема драма против Ламасин испадна од турнирот во Кретеј
Македонецот имаше израмнет меч против Ламасин во првиот сет, кој го реши во своја корист во тај-брејкот со 7-3, додека во вториот сет повторно се играше возбудлив тенис, а Французинот со 7-1 во тај-брејкот израмни на 1-1 во сетови.
Голема битка се водеше и во третиот сет, каде што Ламасин на почетокот направи брејк и поведе со 3-0, но македонскиот тенисер собра сила и се врати во игра, но повторно загуби во тај-брејкот со 5-7.
Ивановски без разлика на поразот го очекува нов скок на АТП-листата в понеделник и се очекува да напредува за неколку позиции.