
Итна седница на Собранието за измени на Изборниот законик по веќе распишани избори
Во Собранието се подготвува итна пленарна седница за измени на Изборниот законик, со цел да се регулира собирањето потписи за независни кандидатури по распишувањето на локалните избори, пишува „360 степени“.
Според информациите, ќе се предложи нов праг од 0,95% од запишаните избирачи во општината или во Град Скопје – минимално понизок од оној што Уставниот суд го укина како неуставен.
Зад иницијативата стојат пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и СДСМ, додека ДУИ се против поради непочитување на сите препораки од ОБСЕ/ОДИХР. Седницата би можела да се одржи уште утре, иако сè уште не е официјално закажана.
ДИК претходно соопшти дека до носење нови измени, непартиски кандидатури ќе се прифаќаат без потписи од граѓани.
