Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЗНМ алармира: Недостигот на правила за платена политичка реклама во онлајн медиумите создава корупциски ризици
Македонија

ЗНМ алармира: Недостигот на правила за платена политичка реклама во онлајн медиумите создава корупциски ризици

15/08/2025

AA

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува сериозна загриженост за начинот на кој продолжува да се спроведува платеното политичко рекламирање (ППР) во онлајн медиумите. Во пресрет на локалните избори, ЗНМ повторно укажува на недостатокот на критериуми и регулација во овој сегмент, што овозможува „сомнителни“ портали без транспарентност да добиваат значителни буџетски средства.

Ова создава простор за злоупотреби –  дел од пријавените „портали“ се веб-страници со непознат сопственик или без импресум, често новосоздадени пред избори со единствена цел да се прелеат државни пари во партиски кампањи. Ваквата појава ја нарушува медиумската сцена и претставува потенцијална партиско-медиумска корупција, на штета на професионалните медиуми и на јавниот интерес.

ЗНМ ја поздравува иницијативата за воспоставување регистар на интернет портали при АВМУ, но бара итни чекори за усогласување на изборната регулатива со цел спречување на корупција во медиумската сфера и обезбедување фер услови за сите медиуми.

Рекорден број на пријавени онлајн медиуми за ППР

Државната изборна комисија (ДИК) објави дека oд вкупно 333 медиуми кои доставиле пријава за платено политичко рекламирање за локалните избори закажани на 19 октомври 2025, се пријавиле дури 257 интернет портали.

За споредба, на минатогодишните парламентарни и претседателски избори беше забележан рекорден интерес 251 портали се пријавиле за ППР во 2024 година. Тој број беше значително повисок и од локалните избори во 2021 година, кога учествувале 176 портали, како и од парламентарните избори во 2020 година со 235 портали. Очигледно е дека трендот на пријавување онлајн медиуми за државно платени рекламни кампањи расте со секој циклус.

Постои недостаток на критериуми и ризици од злоупотреби

ЗНМ предупредува дека актуелниот Изборен закон не поставува јасни критериуми за тоа кои онлајн медиуми смеат да добиваат средства за платено политичко рекламирање. Иако медиумите формално мора да се регистрираат во ДИК со ценовник, нема конкретни правила за условите кои треба да ги исполнуваат интернет порталите за оваа намена. Ова создава простор за злоупотреби – дел од пријавените „портали“ се веб-страници со непознат сопственик или без импресум, често новосоздадени пред избори со единствена цел да се прелеат државни пари во партиски кампањи. Ваквата појава ја нарушува медиумската сцена и претставува потенцијална партиско-медиумска корупција, на штета на професионалните медиуми и на јавниот интерес.

Меѓународните набљудувачи го делат ова мислење. Набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР за изборите во 2024, во својот извештај, посочи дека  „нема специфични правила за онлајн порталите“, па многу портали се создадени непосредно пред избори токму за да добијат државни пари. ОДИХР препорача доколку овој модел продолжи да се применува, итно да се воспостават „јасни и објективни критериуми за подобност на онлајн порталите за државно рефинансирање на платени политички реклами“. Слично на тоа, и Државниот завод за ревизија во извештајот за изборите 2024 нагласи потреба од допрецизирање на изборниот законик – да се дефинираат критериуми што треба да ги исполнуваат електронските медиуми за учество во политичко рекламирање, како и прецизни правила за распределба на буџетските средства, како и определување надлежен орган за следење на претставувањето на интернет порталите за време на кампања.

Новиот регистар на портали при АВМУ – позитивен чекор напред

Воведувањето на Регистарот на издавачи на онлајн медиуми при АВМУ претставува позитивен чекор кон зголемување на транспарентноста и професионализацијата. По иницијатива на Министерството за дигитална трансформација, со последните измени на Законот за медиуми интернет порталите првпат се препознаваат како медиуми со соодветни права и обврски. За да се регистрираат официјално, порталите сега мора да исполнат конкретни услови, меѓу кои:

Овие критериуми за регистрација треба да обезбедат дека само сериозни и одговорни онлајн медиуми се стекнуваат со статус на медиум. Сепак, загрижува фактот што ниеден од овие услови не е потребен при пријавувањето во ДИК за платено политичко рекламирање – било кој портал, дури и без наведена редакција или вработени, може да се пријави за државни рекламни пари. Тоа значи дека и натаму во изборните кампањи учествуваат портали кои не подлежат на никаква проверка на кредибилност.

Досегашниот интерс за официјалниот регистар на АВМУ е скромен. Според јавно достапните информации, вкупно 49 онлајн медиуми досега се пријавиле во новиот регистар на АВМУ откако стапија во сила измените на законот. Оваа бројка претставува само 20% од бројот на портали кои лани се пријавија за државно финансирање на изборни реклами. Малата застапеност на порталите во официјалниот регистар сугерира дека поголемиот дел од оние кои добиваат буџетски средства не ги исполнуваат или не сакаат јавно да ги декларираат горенаведените стандарди.

Професионалните онлајн медиуми и значењето на Promedia.мк

ЗНМ потсетува дека саморегулацијата во онлајн просторот е подеднакво важна како и законската регулатива. Уште во 2019 година, ЗНМ во соработка со Советот за етика во медиумите (СЕММ) го воспостави првиот Регистар на професионални онлајн медиуми – Promedia.mk, со цел јасно разграничување на кредибилните портали од пропагандистичките сајтови. Во овој доброволен регистар моментално има 105 онлајн медиуми кои имаат транспарентна сопственичка структура и се обврзаа да ги почитуваат професионалните стандарди во новинарството. Бројот на членки на Promedia.mk е подложен на промени – се очекува да расте со приклучување нови медиуми кои ги исполнуваат критериумите, а истовремено медиуми што би ги прекршиле принципите може да бидат исклучени.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy