
Итен состанок на СБ за Косово
Советот за безбедност на ООН вечерва заседава на вонредна седница по барање на Србија за последните случувања на Косово и новите тензии предизвикани од одлуката на Приштина да го укине српскиот динар.
Белград одлуката ја смета за противзаконска и обид за целосно етничко чистење на Србите.
Сè уште е нејасно дали седницата ќе биде отворена за јавноста.

