
Италијански тенисер добил гнасни навреди – умри во пеколот, го*но едно (ФОТО)
Тој беше елиминиран од послабо рангиран тенисер, во меч во кој пропушти и три врзани меч топки, поради што бил вербално нападнат од обложувачи на кои не им се допадна фактот што не ја искористил улогата фаворит, а поради што тие загубиле пари.
„Во Малага пристигнав во четири часот наутро, а условите на теренот во Стокхолм ги тестирав само на половина час пред почетокот. Тогаш одиграв фантастичен меч против многу добар тенисер. Пропуштив три меч топки и се борев до крај. Зарем после се ова заслужувам вакво нешто? Ви благодарам“, напиша Вавасори.
Италијанецот објави дел од пораките што ги добил како „Умри во пеколот, расипан тенисеру“, „Умри го*но едно“, „Се надевам дека ќе ги скршиш двете нозе“. Крајно возбудливиот меч донесе дури три тај-брејка, а Хасан по губењето на првиот сетнаправи голем пресврт по речиси три часа игра.
