
Италија ја доби организацијата на ЕП 2032, но може да се откаже
Италија треба да биде ко-домаќин на тој шампионат, заедно со Турција, но состојбата на стадионите во оваа земја е алармантна и треба брзо да се реагира.
„Имаме фундаментален проблем, тоа се стадионите и се надевам дека ќе го поминеме тестот на УЕФА во 2027 година. Во спротивно, нашата кандидатура отпаѓа и затоа апелирав до Владата и сите органи што побрзо да се фатиме за работа“, изајви Де Сиерво.
Италија и Турција презентираа 20 потенцијални стадиони каде би се играле натпреварите, а од нив ќе бидат избрани десет, по пет во двете држави.
