Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Истражување: Сексизмот создава невнимателни и престроги родители
Магазин

Истражување: Сексизмот создава невнимателни и престроги родители

19/10/2023

AA

Истражувачи од Универзитетот на Оукленд во Нов Зеланд откриваат дека татковците и мајките кои се склони кон непријателски сексизам и веруваат дека мажите треба да имаат моќ во семејството и општеството, се одликуваат и со понесоодветно внимание кон своите деца и престрог, авторитарен стил на воспитување. Научниот труд објавен вчера во Научното списание за социјална психологија и личноста (Social Psychological and Personality Science), е прв од ваков вид.

– Сексизмот со десетлетија е познат како особина којашто предвидува негативно однесување кон жените – од дискриминација до насилство, изјави главниот и одговорен научник, Никола Оверол.

Родовата нееднаквост останува светски проблем што се манифестира во многу различни сфери на меѓучовечките односи. Непријателскиот сексизам, велат, се однесува пред сѐ на уверувањето дека жените се закана за општествената моќ на мажите. Тоа води до дискриминација на работното место, опредметување и сексуално вознемирување, како и насилство врз жените.

Покрај сѐ тоа, може да влијае и на воспитувањето на децата.

За целите на испитувањата, научниците го набљудувале семејството како групи, проценувајќи го степенот на родителска реакција, вклучувајќи љубов, топлина, посветеност, одговор на барањата на децата и почитување на нивната независност. Според ова проучување, помалку одговорните родители – и мајките и татковците се одликувале со „повисоки нивоа на непријателски сексизам“. Тоа потврди дека штетното влијание од сексистичките ставови на мажите може да укажуваат и на полошо родителство воопшто.

– Сепак, откритието дека мајките кои го прифаќаат непријателскиот сексизам (кон жените, з.п.) се склони да бидат помалку обѕирни и поневнимателни родители – е неочекувано. Можеби овие мајки го следат водството на таткото во семејните односи, што резултира со помала вклученост во родителството (за мајката), вели Оверол.

Истражувачите забележуваат дека одговорното родителство е клучно за здравиот развој на децата, а недостатокот од соодветно внимание може да доведе до проблеми во однесувањето, емоционални тешкотии и пониски академски достигнувања. Следно, научниците сакаат да откријат зошто жените продолжуваат да прифаќаат сексистички ставови и покрај штетата што ја предизвикуваат и врз самите себе и врз децата.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy