Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Истражување: Мирисот на солзите на жената ја смируваат агресијата кај мажот
Магазин

Истражување: Мирисот на солзите на жената ја смируваат агресијата кај мажот

27/12/2023

AA

Ново научно истражување покажува дека мирисот на женските солзи ја намалува агресијата кај мажите. Тоа ќе рече – мажите кои ги помирисале солзите на испитаничката биле 44 отсто помалку агресивни, во случајов при играње видеоигри што предизвикуваат таков одговор поврзан со активноста на мозокот и центрите одговорни за реакцијата на агресија.

– Намалувањето на агресијата нам ни беше импресивно, се чини – реално. Што и да има во солзите, навистина ја намалува агресијата, истакна Ноам Собел, професор по Невробиологија на Институтот за наука „Вајцман” во Реховот, Израел.

Тој ги предводел истражувањата со Шани Агрон, па нивниот заклучок вели дека кога агресивната реакција е во игра, а мажот е наведен да верува дека жената го изневерува и дека тој треба да се одмазди, испитаникот е значително посмирен кога ќе помириса женски солзи. Во истражувањето создадено со намена да предизвика реакција, се открива дека солзите на жената содржат хемикалии коишто значително влијаат на намалување на агресијата кај мажите. Испитувањето е објавено во „ПЛОС бајолоџи“ (PLOS Biology).

Претходно беше познато и дека агресивноста на мажјаците кај глодарите се намалува кога ќе помирисаат женски солзи поради социјална сигнализација.

Проф. Собел верува дека хемикалиите во солзите можеби го добиле тоа својство и заради заштита на бебињата. Авторите додаваат дека пронашле слично однесување кај глувците, што е спротивно со тврдењето дека емоционалните солзи се својствени само за човекот.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Огнот над Моране сѐ уште активен, наутро жестока офанзива од

12/08/2026
Македонија

ПОЧИНА СРНАКОТ МАРТИН: По долга борба за живот, активистите упатија

12/08/2026
Македонија

Пожарот од Моране: Противпожарните екипи остануваат на терен во текот

12/08/2026
Македонија

Повеќе лица повикани во полиција по ширењето информации за наводна

12/08/2026
Македонија

Пожар го зафати подрачјето кај Манастирски Доленци, се бара помош,

12/08/2026
Македонија

Авантура од 1.974 километри: Иван и Спасе ќе го освојуваат

12/08/2026
Македонија

Општината требало да реагира откако „Пулс“ бил нелегално пренаменет –

12/08/2026
Македонија

Изречена првата казна за напуштање новородени животни: Скопјанец ќе плати

12/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44989
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Огнот над Моране сѐ уште активен, наутро жестока офанзива од земја и воздух

12/08/2026

Пожарот кој изби во општината Студеничани, во близина на местото Рамни Габер, продолжува да гори и во текот на ноќта.

ПОЧИНА СРНАКОТ МАРТИН: По долга борба за живот, активистите упатија апел за итно отворање центар

12/08/2026

По долга и исцрпувачка борба на ветеринарниот тим и активистите, познатиот срнак Мартин денеска подлегна на тешките повреди. Неговата состојба

Пожарот од Моране: Противпожарните екипи остануваат на терен во текот на ноќта

12/08/2026

Пожарот кој се прошири од село Моране зафати дел од подрачјето на село Габер, каде што во текот на денот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy