Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ИСТОРИСКИ ДЕН: Заедничка литургија на митрополити од МПЦ-ОА, ГПЦ и БПЦ во „Свето Благовештение“
Македонија

ИСТОРИСКИ ДЕН: Заедничка литургија на митрополити од МПЦ-ОА, ГПЦ и БПЦ во „Свето Благовештение“

05/11/2023

AA

Заедничка света архиерејска литургија на тројца владици од трите сестрински цркви Македонската православна црква – Охридска Архиепископија (МПЦ-ОА), Грчката православна црква (ГПЦ) и Бугарската православна црква (БПЦ) денеска се служеше во прилепската црква „Свето Благовештение“.

Заедничката литургија од трите сестрински православни цркви ја служеа митрополитот во мирување Игнатиос од ГПЦ, старозагорскиот митрополит Киприја од БПЦ и митрополитот Петар од МПЦ-АО, а на покана на митрополитот Петар. Ова е првпат да се служи во прилепскиот храм „Свето Благовештение“.

-Во храмот „Свето Благовештение“ во Прилеп, митрополитите на трите сестрински православни цркви за првпат заеднички ја служеа литургијата, како потврда на признавањето и рамноправноста на сестринските цркви. Сите заедно од светата чаша се причестија: и Грк и Бугарин и Македонец. За Христос не е битна националноста, туку љубовта помеѓу луѓето, рече за МИА прилепскиот архиерејски намесник, отец Влатко Ристески.

На литургијата присуствуваа голем број верници и посетители.

По литургијата владиците седнаа на заедничка маса, а размениле и подароци

Во Прилеп за првпат по 170 години доаѓа грчки владика, а бугарски по повеќе од 70 години.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

АХВ побара вакцини против сипаници кај овците од ЕК и

20/08/2026
Македонија

Леб по 126 денари, душеци од 1,1 милион и неевидентирана

20/08/2026
Македонија

Македонија утре во портокалова фаза: УХМР предупредува на високи температури

20/08/2026
Македонија

Обвинителството не најде криминал и го затвори случајот за набавките

20/08/2026
Македонија

Продолжен притворот за осомничените за загадувањето на гостиварската вода: четворицата

20/08/2026
Македонија

Шабан Салиу доби нова функција во Влада и плата над

20/08/2026
Македонија

Ибвинителството денеска ќе ја соопшти одлуката за истрагата за 19-те

20/08/2026
Македонија

Пожар кај Никуштак детектиран со смарт-камерите на ЦУК

20/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45134
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

АХВ побара вакцини против сипаници кај овците од ЕК и Турција

20/08/2026

По зголемениот број случаи на угинати овци, надлежните институции преземаат дополнителни активности за ставање под контрола на болеста. Агенцијата за

Леб по 126 денари, душеци од 1,1 милион и неевидентирана опрема од 21,5 милиони: ДЗР

20/08/2026

Скап леб, неискористени душеци и милионска опрема што не е заведена во евиденцијата се дел од неправилностите што ги утврдил

Македонија утре во портокалова фаза: УХМР предупредува на високи температури

20/08/2026

Македонија утре ќе биде под портокалова метеоаларм фаза поради очекуваните високи температури на територијата на целата држава. Според УХМР, за

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy