Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Историски чекор во Вашингтон: Православната Црква во Америка и литургиски ја призна автокефалноста на МПЦ-ОА
Македонија

Историски чекор во Вашингтон: Православната Црква во Америка и литургиски ја призна автокефалноста на МПЦ-ОА

04/09/2025

AA

Во катедралниот храм „Св. Николај Чудотворец“ во Вашингтон, седиштето на Православната Црква во Америка (ОЦА), во вторникот се случи историски настан со кој и литургиски беше потврдено признавањето на автокефалноста на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ-ОА).

На заедничката света литургија, која ја отслужија поглаварот на ОЦА, Митрополитот Вашингтонски г.г. Тихон, и поглаварот на МПЦ-ОА, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, за првпат името на македонскиот архиепископ беше спомнато во диптихот на поглаварите на православните цркви. Овој чин, според канонското право, претставува официјална потврда на автокефалниот статус.

На литургијата, на која присуствуваа бројни македонски свештеници и верници од САД и Канада, сослужуваа архијереи и свештеници од повеќе помесни православни цркви, а молитвено присуствуваше и надлежниот Митрополит Американско-канадски г. Методиј.

По историската служба, во македонската амбасада во Вашингтон беше приреден свечен прием и средба со амбасадорот Зоран Попов.

Посетата на Архиепископот Стефан на САД е на покана на Митрополитот Методиј, по повод одбележувањето на 60-годишнината од осветувањето на храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Колумбос, Охајо. Неговата посета ќе продолжи во Канада, каде ќе присуствува на чествувањата по повод јубилејот на црковната општина „Свети Климент“ во Торонто.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy