Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ИСТОЧНО САРАЕВО: СИПА се обиде да го приведе Додик, но полицијата на Република Српска ги спречи
Регион

ИСТОЧНО САРАЕВО: СИПА се обиде да го приведе Додик, но полицијата на Република Српска ги спречи

23/04/2025

AA

Драма се случи во источно Сараево кога СИПА се обиде да го приведе лидерот на босанските Срби, Милорад Додик, но полицијата на Република Српска(РС) ги спречи. 

Припадниците на Државната агенција за истраги и заштита (СИПА) денеска пристигнаа во Административниот центар на Владата на Република Српска во источно Сараево, каде во тоа време беше претседателот на РС Милорад Додик. Како што дознава Klix.ba, членовите на СИПА се обиделе да го приведат Додик, но припадниците на Министерството за внатрешни работи на Република Српска се спротивставиле на таа акција.

Познато е дека Судот на Босна и Херцеговина претходно распиша централна потерница за Додик, како и за премиерот на Република Српска, Радован Вишковиќ и претседателот на Народното собрание на РС, Ненад Стевандиќ.

Додик претходно во текот на денот пристигна во Административниот центар на Владата на Република Српска во Источно Сараево, каде што вечерва ќе одржи средба со градоначалникот и раководителите на општините кои го сочинуваат градот Источно Сараево.

Додик претходно кажа дека „тројца претседатели на европски држави и еден премиер му кажале дека во Босна и Херцеговина била префрлена британска единица со единствена цел да го ликвидира“.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

МЗ покренува стручен надзор со странски експерт за компликациите кај

06/08/2026
Македонија

Германец приведен во Радожда: Со дрон неовластено снимал армиска караула

06/08/2026
Македонија

Драматична состојба во Тетовско: Пожарникарите дневно гасат и до 17

06/08/2026
Македонија

Ристески: Цените се под контрола и засега нема потреба од

06/08/2026
Македонија

Недостиг на терапија за онколошките пациенти: Здружението „Хема-Онко“ бара системско

06/08/2026
Македонија

30-ти роденден на 2.200 метри височина: Габриела Панајотова го прослави

06/08/2026
Македонија

Паднатите дрвја од невремето стануваат моторички парк на Водно: Ѓорѓиевски

06/08/2026
Македонија

Мицкоски: Македонските аеродроми се најбрзорастечки во регионот, туризмот бележи силен

06/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44891
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

МЗ покренува стручен надзор со странски експерт за компликациите кај парализираната родилка

06/08/2026

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) спроведе вонредни инспекциски надзори во болниците во Струмица, Штип и на Клиниката за неврологија

Германец приведен во Радожда: Со дрон неовластено снимал армиска караула

06/08/2026

Германски државјанин е приведен откако со дрон неовластено снимал воена караула во струшкото село Радожда, соопштија денеска од СВР Охрид.

Драматична состојба во Тетовско: Пожарникарите дневно гасат и до 17 пожари, регистрирани се 628 интервенции

06/08/2026

Состојбата со пожарите во Тетовскиот Регион е критична, а противпожарните екипи дневно справуваат во просек со 11, а во одделни

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy