ВО СЕКОЈА ПРИСТОЈНА ДЕМОКРАТИЈА ОПОЗИЦИЈАТА БАРА ИЗБОРИ Ако побара СДСМ, ќе има предвремено гласање
Во секоја пристојна демократија, опозицијата бара предвремени избори. Доколку опозицијата побара, ние тоа задоволство ќе ѝ го пружиме, изјави вечерва вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.
Николоски го повтори ставот на Владата дека преферираат да има редовни избори во 2028 година.
– Ние сметаме дека е потребно да имаме целосен мандат, со цел да има предвидливост за бизнисот и проектите – рече Николоски во гостување на Канал 5..
Она што го бараат Левица и Али Ахмети, според Николоски, е несериозна работа.
.
Извор: plusinfo.mk