Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 БРЗАТА ПРУГА ЌЕ СЕ ГРАДИ ОД ПРОЛЕТ, ВО ЈАНУАРИ ЌЕ ПРИСТИГНАТ ПРВИТЕ ЕЛЕКТРИЧНИ АВТОБУСИ Се разгледува алтернативна делница за автопатот Струга-Ќафасан
Македонија

БРЗАТА ПРУГА ЌЕ СЕ ГРАДИ ОД ПРОЛЕТ, ВО ЈАНУАРИ ЌЕ ПРИСТИГНАТ ПРВИТЕ ЕЛЕКТРИЧНИ АВТОБУСИ Се разгледува алтернативна делница за автопатот Струга-Ќафасан

15/10/2026

AA

Градежните работи на брзата пруга од Табановце до Гевгелија би можеле да почнат напролет, откако навреме би биле завршени сите потребни студии во рамки на подготовката на проектот, рече вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

Шесте студии предвидени за проектот се доставени до 31 август, согласно утврдениот рок, што овозможува влез во финалната фаза на подготовките.

– После подолго време, првпат во Македонија се испочитува рок. Имено, сите 6 студии требаше да бидат готови до 31 август и ние на истиот датум ги добивме. Што значи дека сега влегуваме во финалната фаза и, ако е сè добро, рокот ќе го запазиме, а тоа е да ги имаме веќе и градежните работи од пролет – рече Николоски во гостување на Канал 5.

Осврнувајќи се на договорот за стратешко партнерство со Велика Британија и можните ефекти од политичките промени во Обединетото Кралство врз реализацијата на проектот, Николоски оцени дека партнерството има долгорочен карактер и не зависи од смена на влади.

– Во однос на политичкиот контекст, се работи за пресериозна држава, втора најголема сила во НАТО, држава членка на Советот за безбедност на ООН, и таму овие одлуки не се променуваат со промената на влада – рече Николоски.

Како потврда за континуитетот на стратешкото партнерство, тој најави дека во втората половина на ноември и на почетокот на декември повторно ќе се одржат средби на високо ниво во Лондон.

Николоски рече и дека изградбата на сите 6 автопати се одвива одлично.

За автопатската делница Кичево–Букојчани, чија изградба почна пред неколку дена, рече дека станува збор за технички сложен проект и дека рокот на изградба од 4 години ќе биде запазен.

– Во однос на Кичево-Букојчани има многу сериозни банкарски гаранции за изведувачите коишто ги поднесоа за извршување на автопатот во рок. Се работи за тешка делница, но не е долга. Оставаме 4 години, и убеден сум дека овој рок ќе биде испочитуван – рече Николоски.

Според планираното се одвива и изградбата на автопатските делници што ги гради конзорциумот „Бехтел и Енка“.

– На Тетово-Гостивар целокупниот пат е пробиен и тоа можат да го видат сите кои патуваат. На Гостивар-Букојчани можат да се видат големите мостови кои веќе се изградени, а очекувам во најбрзо време да го промовираме и најголемиот мост како завршен. Динамиката на двата оди добро и очекувам да завршат во 2029 година – рече Николоски.

Уште подобра динамика, според Николоски, има на Прилеп-Битола, каде од 40 километри, колку што ќе биде вкупната траса, веќе првото отварање ќе го има на средина на следната година, околу 12 километри. Во втората половина следната година ќе има уште едно отварање и во 2028 година ќе биде завршена оваа делница.

Изградбата на автопатот од Скопје до Блаце се очекува да биде завршен до 2030 година

За планираната автопатска делница од Струга до Ќафасан, Николоски рече дека државата разгледува алтернативна рута поради ставовите на УНЕСКО, која би можела да биде прифатлива.

За електричните автобуси рече дека првите ќе пристигнат во јануари следната година.

– Набавката е за 150 автобуси. Нормално, интересот е најголем за Скопје, но не сакам да ги заборавиме и другите општини. Ќе добијат и други општини автобуси, оние кои што имаат организиран јавен градски превоз. Сега, да не ми замерат, ама ќе набројам неколку: Куманово ќе добие, Штип ќе добие, Сумица, Гевгелија, Кавадарци, Прилеп, Битола, Охрид, Гостивар, Тетово. Ќе биде објавена листата. Градот Скопје побара 250 автобуси, општините побараа 89, така што ако видите пропорционално, општините надвор од Скопје се и во подобра позиција од градот Скопје, но толку беа можностите на буџетот во моментов. Согласно динамиката, првите автобуси треба да бидат испорачани за 6 месеци од потпишување на договорот, договорот се потпиша во почеток на септември, но имаме ветување од добитникот на јавната набавка дека веќе во јануари ќе ги видиме првите автобуси во Скопје – истакна Николоски.

.

Извор: plusinfo.mk

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПОЛИТИКА СЕ КРИЕ ЗАД СЛУЧАЈОТ СО МИХАИЛОВА Бугарски политичари и

15/10/2026
Македонија

БРЗАТА ПРУГА ЌЕ СЕ ГРАДИ ОД ПРОЛЕТ, ВО ЈАНУАРИ ЌЕ

15/10/2026
Македонија

ДА СОЗДАДЕМЕ КОМПАНИИ ШТО ЌЕ ГО ОСВОЈАТ СВЕТСКИОТ ПАЗАР Државата

15/10/2026
Македонија

ДА СОЗДАДЕМЕ СО КОМПАНИИ ШТО ЌЕ ГО ОСВОЈАТ СВЕТСКИОТ ПАЗАР

15/10/2026
Македонија

ДОЖД ВО ГРАДОВИТЕ, СНЕГ НА ПЛАНИНИТЕ За викенд сончево и

15/10/2026
Македонија

ВО СЕКОЈА ПРИСТОЈНА ДЕМОКРАТИЈА ОПОЗИЦИЈАТА БАРА ИЗБОРИ Ако побара СДСМ,

15/10/2026
Македонија

НЕМА ПОЛИТИЧКИ ДОГОВОР СО БУГАРИЈА ЗА СЛУЧАЈОТ СО ИВА МИХАИЛОВА

15/10/2026
Македонија

РЕЧИСИ 25.000 ЛУЃЕ СЕ ПРИЈАВИЛЕ ЗА ВАКЦИНАЦИЈА ПРОТИВ ГРИП Министерството

15/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46195
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПОЛИТИКА СЕ КРИЕ ЗАД СЛУЧАЈОТ СО МИХАИЛОВА Бугарски политичари и македонската опозиција сакаат да ѝ

15/10/2026

Зад случајот со Ива Михаилова се крие политичка позадина за да ѝ се нанесе штета на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ

ДА СОЗДАДЕМЕ КОМПАНИИ ШТО ЌЕ ГО ОСВОЈАТ СВЕТСКИОТ ПАЗАР Државата е партнер на претприемачите, а

15/10/2026

Иднината на нашата држава не зависи од тоа колку гласно ќе зборуваме за економскиот развој, туку од тоа колку ќе

ДА СОЗДАДЕМЕ СО КОМПАНИИ ШТО ЌЕ ГО ОСВОЈАТ СВЕТСКИОТ ПАЗАР Државата е партнер на претприемачите,

15/10/2026

Иднината на нашата држава не зависи од тоа колку гласно ќе зборуваме за економскиот развој, туку од тоа колку ќе

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy