
Исчезна маж од Свети Николе – привремено престојувал кај ќерка му
Во СВР Велес денеска напладне била пријавена исчезната личност. Според пријавата, 52-годишната Б.П. од Велес известила дека од нејзиниот дом се оддалечил нејзиниот татко, 76-годишниот Б.М. од Свети Николе, кој привремено престојувал кај неа.
Како што соопшти портпаролот на СВР Велес, Биљана Ѓаковска, исчезнатиот маж имал здравствени проблеми, а полицијата веќе презема мерки за негово пронаоѓање.
Од полицијата апелираат до граѓаните доколку имаат информации за лицето да се јават во најблиската полициска станица.
