Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Силјановска-Давкова: Независните листи мора да останат дел од изборниот процес
Македонија

Силјановска-Давкова: Независните листи мора да останат дел од изборниот процес

25/07/2025

AA

Претседателката Гордана Силјановска-Давкова изјави дека актуелната состојба со изборниот законик создава правен вакуум по укинувањето на членови 17 и 18 од Уставниот суд, и предупреди дека измените на законот мора да се носат со широк политички консензус и во согласност со меѓународните стандарди.

„Изборниот законик е неверојатно важен правен акт. Сега се вели дека треба да се оди по консензус – мислам и на власта и на опозицијата. Точно е дека постои некаков договор околу новите решенија, но заради двојното мнозинство тие сѐ уште не се изгласани,“ рече Силјановска-Давкова.

Таа потсети дека членот 60 од законикот, кој овозможува независни листи за локалните избори, не е укинат, што значи дека граѓаните повторно ќе можат да предлагаат кандидати без партиска поддршка.

Силјановска-Давкова подвлече дека Уставниот суд укажал на сериозни недостатоци во скратената постапка за донесување на законот и дека идните решенија мора да ги почитуваат препораките на меѓународните организации.

„Уставниот суд укажува на важни меѓународни акти – хелсиншкиот документ, правилата на ОПСЕ и кодексот на добри изборни практики на Венецијанската комисија. Тие велат дека услови може да се поставуваат, но тие не смеат да бидат дискриминаторски,“ додаде таа.

Претседателката ја нагласи потребата од намалување на бројот на потребни потписи за независни листи, особено во малите општини каде сегашните услови создаваат нееднаквост. „Венецијанската комисија вели дека најмногу 1% од избирачите треба да се бараат како потпис. Колку е помала општината, толку повеќе се надминува овој процент,“ нагласи таа.

Во изјавата, Силјановска-Давкова истакна дека е потребно усогласување со европските стандарди за да се поттикне граѓанската вклученост во локалната демократија и да се избегне нова уставносудска интервенција.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy