
Исчезна 36-годишен штипјанец: Секој кој има било каква информација да го контактира неговото семејство!
На социјалните мрежи од вчера се шири апел за пронаоѓање на Владимир Бурев, 36-годишен жител на Штип.
Владимир е висок и бил облечен во црни тренерки кога го напуштил својот дом вчера околу 04:00 часот. Од тогаш, за него нема никакви информации и му се губи секаква трага.
Семејството и надлежните апелираат до секој кој има било каква информација да се јави веднаш во најблиската полициска станица или да контактира некој од неговото семејство.
Секое сознание е важно и може да помогне во пронаоѓањето на Владимир.