Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Пејач преживеал авионска несреќа затоа што седел на истото седиште со единствениот преживеан од несреќата во Индија: „Се наежив кога го видов тоа“
Македонија

Пејач преживеал авионска несреќа затоа што седел на истото седиште со единствениот преживеан од несреќата во Индија: „Се наежив кога го видов тоа“

13/06/2025

AA

Тајландскиот пејач Руангсак Лојчусак раскажа како ја преживеал авионската несреќа во 1998 година во која загинаа 101 патник, седејќи на седиштето 11А – исто како и единствениот преживеан од катастрофата на Ер Индија.

Руангсак Лојчусак, 47, бил на летот TG261 на „Тај ервејс“ од Бангкок до Сурат Тани кога авионот ја изгубил контролата и се урнал во мочуриште додека се обидувал да слета.

Трагедијата одзела животи на 101 од 132 патници и 14 членови на екипажот, додека 45 лица биле повредени.

Вчера, Руангсак рече дека почувствувал „како му се тресат очите“ кога видел дека единствениот преживеан од несреќата на Ер Индија во Ахмедабад, британскиот патник Вишвас Кумар Рамеш, бил на седиштето 11А кога неговиот авион се урна и удри во зграда, објавува „Дејли меил“.

„Единствениот преживеан од авионската несреќа во Индија седел на истото седиште со мене, 11А“, рече Лојчусак.

„Сакам да изразам сочувство до сите оние кои ги загубија своите најблиски во трагедијата.“

Иако пејачот повеќе го нема својот билет од фаталниот лет, тој рече дека извештаите во весниците од тоа време го потврдиле неговиот број на седиште.

Руангсак Лојчусак, исто така, опиша како живеел „различен живот“ откако ја преживеал катастрофалната несреќа.

„Десет години по несреќата, имав проблеми со летањето. Се мачев да дишам, иако циркулацијата на воздухот беше нормална“, рече тој.

„Избегнував да разговарам со никого и постојано гледав низ прозорецот, не дозволувајќи никому да го затвори, за да одржам чувство на сигурност.“

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

🎥 ДИВЕЕЛ НА ПАРТИЗАНСКА НА ЕДНО ТРКАЛО ЗА ДА СЕ

11/10/2026
Македонија

🎥 ТРГНАЛЕ НА СВАДБА, БЛОКИРАЛЕ СООБРАЌАЈ ВО АЕРОДРОМ Казнети четворица

11/10/2026
Македонија

ДВАЈЦА СТРАНЦИ БЕЗБЕДНО ИЗВЛЕЧЕНИ ОД ПЕРИБЕГ Ги затекнало лошо време,

11/10/2026
Македонија

ДИМИТРИЕВСКИ ГИ ПОВИКА ГРАЃАНИТЕ ДА ЈА ОДБЛОКИРААТ ДЕПОНИЈАТА КРАСТА Вети

11/10/2026
Македонија

ОХРИЃАНЕЦ ЗАГИНА, МУ СЕ ПРЕВРТЕЛО КАНУТО Го нашле на околу

11/10/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА САКА ЕВРОПСКА ИДНИНА СО ИСПРАВЕНА ГЛАВА Мицкоски повика на

11/10/2026
Македонија

ШЕСТМИНА ПОЛИЦАЈЦИ СУСПЕНДИРАНИ ПОРАДИ НАСИЛСТВО ВРЗ ДВАЈЦА АЛБАНЦИ Ќе одговараат

11/10/2026
Македонија

НА 11 ОКТОМВРИ МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ЗАСТАНА НА ВИСТИНСКАТА СТРАНА Николоски

11/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46113
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy