Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Иран успешно лансираше нов сателит
Македонија

Иран успешно лансираше нов сателит

20/01/2024

AA

Иран со години ги развива своите воздушни и вселенски капацитети, тврдејќи дека тоа го прави за мирни цели и во согласност со резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации.

Иран успешно лансираше нов истражувачки сателит, објавија официјалните медиуми за нова фаза во развојот на воздушните и вселенските активности на земјата и покрај западните санкции.

Сателитот Сораја, произведен од Иранската вселенска агенција, беше успешно лансиран со ракетата Каем-100 на Иранската револуционерна гарда, објави иранската државна телевизија, пренесува Бета.

Сателитот беше испратен во орбитата на 750 километри над Земјата, што е првпат Иран да испрати сателит на надморска височина над 500 километри, јавува новинската агенција ИРНА.

Министерот за телекомуникации Иса Зарепур изјави дека Сораја е истражувачки сателит со тежина од речиси 50 килограми.

Иран со години ги развива своите воздушни и вселенски капацитети, тврдејќи дека тоа го прави за мирни цели и во согласност со резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации.

Меѓутоа, западните влади стравуваат дека системите за лансирање на сателити имаат технологија што може да се користи за балистички ракети кои можат да носат нуклеарна боева глава.

Ракетата „Каем-100“ ја разви Иранската револуционерна гарда, идеолошката армија на Иран, која во септември објави дека го поставила сателитот „Нур-3“ во орбитата на 450 километри над Земјата.

Најавите за лансирање на сателитот доаѓаат во време на зголемени тензии на Блискиот Исток поради војната на Израел со Хамас во Појасот Газа и само неколку дена откако Иран и Пакистан разменија воздушни напади.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Се трага по Љупчо Стојановски, апел за помош

11/08/2026
Македонија

Песна генерирана со AI над 100 пати била емитувана минатата

11/08/2026
Македонија

Кои затвореници беа помилувани од претседателката за „Илинден“?

11/08/2026
Македонија

МВР и ФЗО: Надминат проблемот со здравственото осигурување на вработените

11/08/2026
Македонија

Грешката корегирана, во Битола се појави точното македонско знаме

11/08/2026
Македонија

Удрен срнак на патот кон Кичево: Хумани граѓани го спасија

11/08/2026
Македонија

Тетовчанец лажно си ги пријавил бабата и дедото, наводно му

11/08/2026
Македонија

30-годишна жена со дрвен предмет го истепала сопствениот татко во

11/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44970
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трамп: Нападот врз Иран беше како бомбардирање на Хирошима

25/06/2025

Американскиот претседател Доналд Трамп ја повлече споредбата меѓу американскиот воздушен напад врз Иран и фрлањето нуклеарни бомби врз Хирошима и

Трамп: Израел и Иран се согласија на апсолутно прекин на огнот

24/06/2025

Американскиот претседател Доналд Трамп објави на својата социјална мрежа Truth Social дека е договорено примирје меѓу Израел и Иран.

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy