
Иран ги укина визите за Србија! Широко отворена границата
Владата на Иран одлучи еднострано да ги укине визите за 33 земји, вклучувајќи ги Босна и Херцеговина, Србија и Хрватска.
Одлуката на иранската влада на прес-конференција ја соопшти министерот за културно наследство, Езатолах Заргами, посочувајќи дека одлуката е поттикната од доаѓањето на туристи и посетители од земјите ширум светот.
Забележано е дека Иран веќе имал програми за укинување на визите за граѓаните на Турција, Република Азербејџан, Оман, Кина, Ерменија, Либан и Сирија.
