Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Инженерка со години го лажела системот за „Пулс“: Проектот за клубот бил фалсификат без елаборат за пожар – само ја менувала насловната страна
Македонија

Инженерка со години го лажела системот за „Пулс“: Проектот за клубот бил фалсификат без елаборат за пожар – само ја менувала насловната страна

16/11/2025

AA

Обвинителниот акт за трагедијата во кочанскиот „Клуб Пулс“ открива шокантни детали за тоа како објектот со години работел врз основа на лажна и некомплетна документација, одобрена од обвинетата инженерка Милка Едровска и нејзината фирма „Венци Проект“. Наместо да ги почитува законските прописи за градба, Едровска се товари дека изготвила документ без клучни безбедносни елементи, а потоа, со години подоцна, само го „ажурирала“ со менување на насловната страница.

Според обвинението кое го поседува 4NEWS.mk, во 2012 година, на барање на сопственикот Дејан Јованов, Едровска изготвила документ под наслов „Основен проект“. Обвинителите тврдат дека овој документ бил суштински некомплетен и не ги содржел задолжителните делови кои ги бара Законот за градење.

Во наводниот проект недостасувале клучни фази:

Обвинителството наведува дека Едровска знаела дека објектот не може да врши угостителска дејност бидејќи тоа било спротивно на Деталниот урбанистички план, кој на таа локација предвидувал „лесна индустрија“.

Истиот фалсификуван проект бил искористен повторно во 2023 година. Кога сопственикот Дејан Јованов ја префрлил работата на новата фирма „ММММ Кафе“ ДООЕЛ Кочани, тој повторно се обратил кај Едровска за документација.

Наместо да изработи нов проект или да изврши увид на терен, таа се товари дека го искористила стариот документ како образец. Обвинението тврди дека Едровска „само ја сменила првата страна“ , каде го сменила името на инвеститорот од „Класик ДМ“ во „ММММ Кафе“, ставила нов датум (15.02.2023) и нов печат.

Овој лажен документ, според обвинителите, му овозможил на Јованов да го користи како основа за вршење на нелегалната угостителска дејност и за добивање на лиценци.

Милка Едровска, заедно со нејзината фирма „Венци Проект“, сега е обвинета за кривично дело „Тешки дела против општата сигурност“, како еден од многуте чинители во синџирот на пропусти што овозможиле небезбедниот клуб да работи и да доведе до трагедија во која загинаа 63 лица.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Владата прогласи 30-дневна кризна состојба поради опасност од пожари

31/07/2026
Македонија

Мицкоски: Кој најавил дека ќе се укине вториот столб?

31/07/2026
Македонија

Цените на становите уриваат рекорди: Квадрат во Центар достигна 3.360

31/07/2026
Македонија

Не отворајте порака од државниот ревизор: хакери нудат лажни „проекти“

31/07/2026
Македонија

Жештините продолжуваат: Температурите над 40 степени во делови од земјава

31/07/2026
Македонија

Стан во Центар продаден за 168.000 евра: Расте активноста на

31/07/2026
Македонија

Анализите на водата кај Лепенец не покажале надминување на дозволените

31/07/2026
Македонија

Забрана за користење вода за пиење од шест водоснабдителни објекти

31/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44788
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Владата прогласи 30-дневна кризна состојба поради опасност од пожари

31/07/2026

Владата на денешната седница донесе одлука за прогласување кризна состојба на целата територија на Македонија, поради зголемениот ризик од пожари

Мицкоски: Кој најавил дека ќе се укине вториот столб?

31/07/2026

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека нема најава за укинување на вториот пензиски столб. „Кој најавил дека ќе се укине

Цените на становите уриваат рекорди: Квадрат во Центар достигна 3.360 евра

31/07/2026

Пазарот на недвижности во Македонија продолжува со засилена активност. Во вториот квартал од 2026 година е забележан раст и на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy