МАКЕДОНИЈА Е ФАВОРИТ ВЕДНАШ ЗАД УКРАИНА НА ЕВРОПСКО НАТПРЕВАРУВАЊЕ Полимаркет ја смести пред Франција и Кипар
Македонија неочекувано се искачи меѓу главните фаворити за победа на Јуниорската Евровизија 2026. На Полимаркет во моментов е на второто место, веднаш зад Украина, во исклучително тесна трка меѓу водечките земји.
Најновата слика на пазарот покажува околу 22% за Украина и околу 20% за Македонија. Франција и Кипар се веднаш зад нив со околу 19%. Бројките постојано се менуваат бидејќи станува збор за активен пазар за предвидувања.
Скокот на Македонија е особено впечатлив ако се погледне движењето во изминатите недели. На почетокот на септември Полимаркет ја проценувал на околу 19%, а подоцна процентот паѓал и до 16-18%. Сега повторно е околу 20% и на второто место.
Сепак, процентите на Полимаркет не се официјална прогноза на Евровизија ниту статистички модел кој гарантира исход. Тие ја претставуваат моменталната проценка на учесниците на пазарот, која се менува со купувањето и продавањето позиции. Вкупниот обем на овој пазар е нешто над 10.000 долари, па и релативно мали трансакции можат значително да ги поместат процентите.
Македонија на Јуниорската Евровизија 2026 ќе ја претставува Ана Стојаноска. Таа беше избрана по аудиција на МРТ, а песната ја компонира Никола Мицевски, додека текстот е на Илчо Нечовски.
Натпреварот ќе се одржи на 24 октомври во Та’ Ќали, Малта. Македонија минатата година со Нела Манческа го освои седмото место, еден од нејзините најдобри резултати на Јуниорската Евровизија.
.
Извор: plusinfo.mk