Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ИНТЕРВЈУ СО ДИРЕКТОРКАТА НА ЗАВОДОТ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА СЛОВЕНИЈА: Наша цел е кандидатите да се вработат кај добри работодавци
Економија

ИНТЕРВЈУ СО ДИРЕКТОРКАТА НА ЗАВОДОТ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА СЛОВЕНИЈА: Наша цел е кандидатите да се вработат кај добри работодавци

28/11/2024

AA

Зошто Агенцијата за вработување на
Република Словенија ги организира настаните со наслов „Живот и работа во
Словенија“?

БарбоШкербинц: Како што е тоа случај во цела Европа и во светот,
така и во Словенија, работните миграции се дел од секојдневјето и нивниот раст
може да се очекуваи во иднина. Главната цел на овие настани е да се обезбедат
точни и веродостојни информации за условите
за работа и живот
во Словенија за странските баратели на работа. На тој
начин, преку релевантни информации, сакаме да понудиме правна заштита, бидејќи
работниците мигранти може да бидат лишени од своите права, поради недоволна
информираност. Настаните имаат за цел да ја зајакнат информираноста на
работниците уште во нивните матични земји, овозможувајќи што подобар пристап до
информации за права, за процедури за вработување, за законодавството итн., на
начин што ќе биде разбирлив за работниците,со што се обезбедува и поголема
правна сигурност. Токму затоа, Заводот за вработување на Република Словенија во
последните две години организираше 17 вакви настани во земјите на поранешна
Југославија.

Ова е трет пат да се организираат вакви
настани во Северна Македонија?

БарбоШкербинц: Да, така е. Поради големиот интерес за учество
и минатата и претходната година, првата недела од декември, веќе третпат се
враќаме во Северна Македонија. Според бројот на издадени согласности за
единствени дозволи за престој и работа во првите десет месеци од 2024 година,
Северна Македонија е на второ место. Во вкупниот број на издадени дозволи за
работа и согласности за единствени дозволи за престој и работа, таа е на
четврто место. Очекуваме граѓаните на Северна Македонија да продолжат да се пријавуваат
на нашиот пазар на труд, бидејќи се работи за нам блиска република, и
работодавците ги ценат работниците од вашата земја.

Кои компании ќе учествуваат на настаните
за вработување и што нудат?

БарбоШкербинц: На овогодинешните настани
ќе учествуваат 22 реномирани словенечки компании од цела Словенија, кои
вработуваат околу 18.000 работници. Повеќето се од здравството, транспортот,
градежништвото и туризмот. На настаните во Скопје, Штип и Прилеп, учесниците ќе
имаат можност да се поврзат со работодавачи од различни професионални полиња.
Главно се бараат кандидати за работа во областа на здравството, за социјална
грижа и заштита, кандидати за возачи на камиони и автобуси, магационери,
готвачи, келнери, и други работници за угостителство и туризам, производствени
работници, работници во машинската индустрија и металургијата, различни градежни
професии, работници за електротехника и електроника, одржување итн.

Настанот е наменет за сите граѓани на Северна
Македонија. Целта е да се понудат што покомплетни информации за животот и работата
во Словенија, а не само за работата. Работодавците од Словенија ги информираме
дека повеќе не е доволно да се понуди само пристојна плата; тие мора да им
помогнат на работниците во сите фази на мобилноста, со цел успешно да се
интегрираат во новата средина по пристигнувањето во Словенија. Значи, важна е и
помошта при сместувањето, обединувањето на семејствата итн.

Дали е точно дека во Словенија најмногу
се бараат лекари, инженери, градежници? Какви придобивки можат да очекуваат
заинтересираните за работа и живот во Словенија?

БарбоШкербинц: Словенија им потреба практично од сите
профили, и висококвалификувани и неквалификувани кадри, од различни сектори.
Повеќе од половина од работодавците во Словенија се соочуваат со потешкотии при
наоѓањето на кадри, а словенечките работодавци многу ги ценат работниците од
земјите на поранешна Југославија. Затоа, на настанот ќе ги претставиме
можностите за вработување од различни сектори и региони, сè што Словенија може
да понуди во овој момент.

Сите треба да сфатиме дека работните миграции
се реалност, и дека никој не може да ги спречи луѓето коишто од различни
причини се одлучуваат да се преселат во друга земја. Затоа ние во Заводот за
вработување сметаме дека нашата улога и мисија е да ги заштитиме овие работници
што е можно повеќе, со точни информации, со цел да се избегнат злоупотребите.

Нашата цел е фер регрутација, работниците да
бидат добро информирани и да видат дека вработувањето се одвива преку јавни
служби, а не преку посредници. Целта ни е кандидатите да се вработат кај добри
работодавци, и да се почитуваат законите за работни односи, бидејќи за жал
забележуваме дека странците се ранлива група на пазарот на трудот. Сите треба
да сме свесни дека станува збор за луѓе кои доаѓаат кај нас, а не машини за
работа.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Воена вежба на Охридското Езеро: Македонски и белгиски војници утре

16/02/2026
Македонија

САМО ПЛАНОТ НА ТРАМП МОЖЕ ДА ДОНЕСЕ МИР ВО УКРАИНА

16/02/2026
Македонија

ПРИЛЕПЧАНЕЦОТ ВИКТОР ИЛИОСКИ ПРОНАЈДЕН МРТОВ Трагичен крај на потрагата по

16/02/2026
Македонија

ССМ утре ќе ја блокира Владата: Трендафилов најавува генерален штрајк 

16/02/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА ОСТАНУВА ДОВЕРЛИВ ПАРТНЕР НА НАТО Продолжуваме со зајакнување на

16/02/2026
Македонија

Трагично заврши потрагата по исчезнатиот Виктор Илиоски од Прилеп

16/02/2026
Македонија

СОБРАНИЕТО ЌЕ ОДРЖИ ОСМОМАРТОВСКА СЕДНИЦА Гаши им порача на пратениците

16/02/2026
Македонија

Пожар во куќа во Македонска Каменица: Спасен 80-годишен маж

16/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41538
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Воена вежба на Охридското Езеро: Македонски и белгиски војници утре ќе користат маневарска муниција

16/02/2026

СВР Охрид ја известува јавноста дека, утре (17.02.2026 година) од 04 до 09 часот, на крајбрежјето и во водите на

САМО ПЛАНОТ НА ТРАМП МОЖЕ ДА ДОНЕСЕ МИР ВО УКРАИНА Министерот Мисајловски за безбедносните прашања

16/02/2026

Министерот за одбрана Владо Мисајловски ја поздрави иницијативата на американскиот претседател Доналд Трамп за мир во Украина, истакнувајќи дека конфликтот

ПРИЛЕПЧАНЕЦОТ ВИКТОР ИЛИОСКИ ПРОНАЈДЕН МРТОВ Трагичен крај на потрагата по него

16/02/2026

Во кругот на Градската општа болница-Прилеп денеска попладне околу 16 часот пронајдено е безживотното тело на В.И. (40) од Прилеп,

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy