Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Интервју со д-р Горан Јовиќ, хирург уролог во Клиника Жан Митрев: Мажите барем еднаш годишно треба да се јавуваат на уролошки преглед
Македонија

Интервју со д-р Горан Јовиќ, хирург уролог во Клиника Жан Митрев: Мажите барем еднаш годишно треба да се јавуваат на уролошки преглед

08/04/2024

AA

Доктор Јовиќ е хирург уролог во Клиника Жан Митрев и еден од најголемите специјалисти во доменот на урологијата. Со доктор Јовиќ разговараме отворено за сите табу теми поврзани со машкото здравје кои што произлегуваат од уролошките заболувања, за ризик факторите за заболувањата, за симптомите и за прегледите, кога и како треба да се јавите на лекар. Покрај посветеноста на здравјето на пациентите и едукација за уролошка дисциплина, д-р Јовиќ низ својот пример, возење мотор, свирење усна хармоника и гитара упатува порака за важноста и потребата од хоби за секој човек.

Уролошките проблеми и опасности од заболувања се уште се некако занемарени кај луѓето. Граѓаните сѐ уште не се свесни за она што потајно може да се случува во нивниот организам, веројатно не се ни добро информирани или доволно запознаени. Обично се јавуваат на прв преглед само кога имаат некои симптоми или веќе им почнале проблемите. И уролошките заболувања како и се во човечкиот организам, се појавуваат и развиваат некогаш без некои јасни и видливи симптоми. Затоа, секогаш прегледите треба да бидат превентивни, рутински и редовни, без појава на некаков симптом. Советуваме мажите барем еднаш годишно да се јавуваат на уролошки преглед.

Простатата е клучна жлезда кај мажите која се наоѓа во долниот дел од карлицата, под мочниот меур околу изводниот мочен канал. Простатната жлезда има задача да излачи течност-простатичен сок, кој е медиум во кој опстануваат сперматозоидите кои се создаваат во тестисите. Значи простатната жлезда го прави медиумот за одржување на живот на сперматозоидите.

Првичните симптоми секогаш се неприметливи и доаѓаат ненајавено, особено за ова заболување. Имено поради фактот дека симтомите се појавуваат постепено, пациентите навидум се навикнуваат на нив. Но, како прв симптом на хиперплазија од којшто сѐ започнува е слабеење на млазот односно намалување на притисокот при мокрење, и кога ова се повторува тоа е веќе знак дека треба да се оди на преглед. Потоа се појавува вложување напор кај пациентот за да се измокри, недоволно празнење, зачестеност на мокрење, често ноќно мокрење и понатаму како проградираат овие симптоми, доаѓа до комплетно ослабување на млазот, дури мокрење на капки или неможност за празнење.

Не секогаш зголемената простата води до карцином. Возможно е простатната жлезда да премине во некое малигно заболување и да започне развој на карцином. Но, тоа нема никаква врска со зголемувањето на простатата (хиперплазијата) туку е поврзано со појава на малигни клетки во самата простатна жлезда. Симптомите кај карциномот на простата и кај бенигна хиперплазија се потполно исти, затоа е потребно секој човек, без оглед на возраста да се јави навреме на преглед, бидејќи карциномот на простата доколку е навремено откриен е 100% излечлив и тоа е многу битно да го знаат пациентите.

Точно е дека имаат влијание, не е клучно, но сепак не треба да се занемарат статистиките кои дури и покажуваат дека исхраната влијае на болеста особено во земји каде се користат, односно се консумираат во голема количина пушени и полусирови пушени производи. Сепак, во последно време ова заболување повеќе се поврзува со зрачењето и загадувањето кои имаат многу поголемо влијание споредено со самата исхрана. А ние живееме токму во таква средина, со висок степен на загадување на воздухот во текот на целата година и затоа овие ризик фактори уште еднаш треба да не потсетат на неопходноста од редовни прегледи.

Секој преглед започнува со разговор меѓу докторот и пациентот, барем тоа е императив кај нас во Клиника Жан Митрев. Разговорот е можеби најпотребниот дел затоа што тука се воспоставува врската со пациентот, се развива меѓусебна доверба, при што докторот добива вистински увид во животот, здравствената состојба и можниот здравствен проблем на пациентот. Низ разговор се откриваат симптомите на пациентот, животните навики и рутини. Пред да се започне со физичкиот преглед, секако неминовно е да се направат одредени лабораториски анализи и да се провери простатично специфичниот антиген ПСА. Доколку се покаже како потребно следи ехо дијагностика во која се гледа целиот уринарен систем, прво на полна бешика, а потоа на празна, се мери рест урината, секако доколку ја има рестурината. Понатаму се постапува согласно потребното и неопходното за состојбата на пациентот. Но, редовните контролни прегледи се почеток на сѐ, бидејќи се во насока на спречување на развој на какво и да е заболување.

Естетската урологија е своевидно чудо во медицината и истото се применува и кај нас во Клиника Жан Митрев. Со следење на најновите трендови во естетската урологија и користењето на најновите помагала, во Клиника Жан Митрев веќе стана рутина поставувањето на тестикуларни и пенилните протези, кои одлично ја решаваат нефункционалноста. Исто така, често кај нас се работи и пенис пластика, односно продолжување онаму каде што е терапевтски потребно и каде постои извесен хендикеп. Мора да разбереме дека естетската урологија се применува со цел подобрување на здравствената функција. Кога станува збор за извесна дисфункција на кој било дел од уролошкиот систем, нема дилема дека треба да се преземат сите потребни мерки. Овде ја вклучувам и пластиката или протезите кои потоа како дел од организмот потребно е да се направи да функционираат беспрекорно.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Славески: До 80% од идните пензионери нема да акумулираат доволно

26/06/2026
Македонија

Километарски колони и хаос на Плетвар: Тешка несреќа, се преврте

26/06/2026
Македонија

Мисајловски најави повисоки плати во Армијата и нов колективен договор

26/06/2026
Македонија

Превртен камион на патниот правец Прилеп–Градско

26/06/2026
Македонија

Во Градскиот базен во Тетово воведени термини само за жени

26/06/2026
Македонија

Исчезна Божа од скопско Орешани, последен пат видена кај Драчево!

26/06/2026
Македонија

7 пожари низ Македонија, 2 уште активни!

26/06/2026
Македонија

ДИГУ ќе руши бесправен објект во старото јадро на Охрид

26/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43975
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Славески: До 80% од идните пензионери нема да акумулираат доволно пари за минимална пензија

26/06/2026

Пензиите на 70 до 80 отсто од осигурениците во вториот пензиски столб би можеле да бидат пресметани под законски утврдениот

Километарски колони и хаос на Плетвар: Тешка несреќа, се преврте камион!

26/06/2026

Тешка сообраќајна несреќа попладнево предизвика тотален сообраќаен колапс на патниот правец Прилеп-Градско, во близина на приклучувањето за селото Ореовец на

Мисајловски најави повисоки плати во Армијата и нов колективен договор од понеделник

26/06/2026

Министерството за одбрана од понеделник ги започнува преговорите со синдикатите за нов колективен договор, кој предвидува зголемување на платите и

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy