Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ИНТЕРВЈУ СО БРАНКО АЗЕСКИ, ПРВИОТ ЧОВЕК НА СТОПАНСКАТА КОМОРА: Нема тема на која не сме разговарале со премиерот Мицкоски, задоволен сум од релациите со него
Економија

ИНТЕРВЈУ СО БРАНКО АЗЕСКИ, ПРВИОТ ЧОВЕК НА СТОПАНСКАТА КОМОРА: Нема тема на која не сме разговарале со премиерот Мицкоски, задоволен сум од релациите со него

07/05/2025

AA

Полека но сигурно се заокружува
една година од формирањето на Владата (избрана на 23 јуни 2024 година). Претседателе
Азески, секаде во светот дијалогот меѓу приватниот и јавниот сектор е
потенциран како неопходен услов за водење на економските политики. Но, се добива
впечаток дека Вашиот личен дијалог со премиерот Мицкоски е многу интензивен.

Азески: Да, јас имам коректен дијалог со премиерот Мицкоски, во согласност со
надлежностите на нашите функции. Тоа датира од 2015 година, од времето кога
премиерот Мицкоски беше генерален директор на ЕЛЕМ (ЕСМ) и член на нашите
органи и тела. Продолжи за време на неговото лидерство со опозицијата, а
денеска е многу јасно позиционирано како партнерство во интерес на бизнисот и
државата. И можам да кажам дека сум задоволен од тие релации.

Но, на јавноста и
се познати и Вашите цврсти ставови за функционирањето на правна држава, борба против сивата економија
и корупцијата, инвестиции во инфраструктурата и создавање на кадар за потребите на бизнисот.
Разговарате ли со премиерот Мицкоски на овие теми?

Азески: Нема тема на која не сме разговарале, а е
во интерес на бизнисот и на државата. Нашите ставови изнесени уште 2023
година се дека треба да се обединат сите, компаниите, универзитетите,
академската заедница и политичките партии за добробитот на нашата мисија, а тоа е
поголем стандард за граѓаните и поголем профит за компаниите.

Многу луѓе мислат дека решението треба да се бара во
промена на менталитетот и свеста на луѓето.

Азески: Нашиот амбиент, е
амбиент во кој секој сѐ знае. Особено за водење
на бизнис има многу „сезнајковци“, па ги учат бизнисмените што треба да прават.
Тоа треба да го промениме.

Државата мора да почива
на вредности,
не на апсурди. Нели е апсурд да треба 14
години да се дефинира законски Холдингот, да се увезува работна сила од Непал
и Бангладеш,
а да се извезуваат квалификувани работници во Европската Унија.
Исто како што
е апсурд пред 50 години да имаме здравствен туризам каде операции на овие простори извршуваа нобеловци
и академици од цел свет, а денес имаме растурен здравствен систем.

Самодовербата,
имплементацијата и одговорноста се трите волшебни збора за успех.
Ако имаш самодоверба
и знаеш да имплементираш,
тогаш ќе
бидеш
и одговорен. Кој не може да го исполни тоа што е
донесено како законски пропис, мора да си понесе одговорност.

Има ли решенија. Што го
убедувате премиерот Мицкоски? Што му предлагате?

Азески: Премиерот Мицкоски е избран на легитимни избори и работи по програма на
Влада усвоена во Парламент. Така што, јас нема што да предлагам, јас сум
сконцентиран на имплементацијата за тоа што е доборо за бизнисoт. Импелментацијата е рак рана на нашето функционирање. Инаку, мислам дека
програмата на Владата содржи сѐ што е потребно за напредок на државата, а
имплементацијата на таа програма е предмет на јавна опсервација на сите па и на
Комората. Не може да дозволиме тие што не се спремни да помогнат во оваа
ситуација, да мудруваат секојдневно. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy