
ИНТЕРВЈУ САРЏОВСКИ: Градиме фер и партнерски односи со нашите корисници
Уреден по најнови
светски трендови и највисоки стандарди кои се во согласност со А1 Телеком
Австрија Групацијата, А1 Македонија отвори уште еден продажен салон , овојпат
во новиот трговски центар Дајмонд во центарот на Скопје. Концептот на уредување
и интерактивен пристап на продажба чија цел е да обезбеди премиум корисничко
искуство за сите посетители не отстапува од останатите 28 продажни слони во
мрежата на А1. Двата влеза на
салонот од различни коридори на трговскиот центар овозможуваат секој корисник
да биде во центарот на комуникацијата,
директно да добие информации за производите и услугите и на тој начин
непосредно и многу полесно да направи избор на
пакети согласно своите потреби
Што е во фокусот
на новиот продажен салон и кои се изненадувањата за посетителите?
Посакуваме
добредојде на сите посетители кои сакаат да доживеат ново, модерно и технолошки
напредно корисничко искуство. Целокупното ентериерно решение кое е во
согласност со имиџот и брендот на A1 Телеком Австрија Групацијата
претставува модерен и урбан простор кој овозможува поблиска комуникација
на персоналот со клиентите што ја претставува и нашата крајна цел, да
обезбедиме непосредна услуга за нашите корисници, а преку софистицираната
вградена опрема и дигитални алатки кои се на располагање , корисниците да ги препознаат производите и
услугите што ги бараат и на тој начин уште полесно и поедноставно да го
направат вистинскиот избор за комуникација. По повод отврањето, сите посетители
на новоотворениот салон имаат можност да добијат дополнителн буџет за набавка
на смарт уред и со тоа да ги исполнат своите желби за непречена комуникација.
А1 Македонија има база од над милион корисници и широко
портфолио конвергентни услуги. Освен директната продажба кои се останатите
канали за понуда на услугите?
А1 Макадонија е компанија која е присутна на пазарот на телекомункации
преку повеќе продажни канали: Директна продажбасо А1 ексклузивни продажни места, Индиректна продажба со широко распрoстранета А1 партнерска мрежа, Деловна и ИКТ продажба за
А1 бизнис корисници, Теренска продажба, како и Телефонска, Live
Shop и Online продажба.
Живееме “бум” на дигитални канали на продажба. Каков е менталитетот на
А1 корисниците и кој канал на продажба го преферираат?
Во денешната дигитална ера на живеење, корисниците имаат многу повеќе
можности и начини за истражување, споредба како и споделување на одлуката од
купувањето. Накусо, повеќе го контролираат своето искуство во купувањето, а
како главна и моќна алатка го имаат изборот помеѓу брендови, кој никогаш не бил
полесен од сега.
Секако и А1 корисниците ги имаат овие современи особини односно менталитет во
изборот на телекомуникациски опрератор, a воедно сеуште ги преферираат традиционалните лични
интеракции и директни контакти со нашите продажни агенти со кои сакаат да
соработуваат. Од таа причина, нашите продажни салони остануваат да бидат број 1 продажен канал според
изборот на корисниците.
Што се однесува до бизнис секторот, деловните состаноци со личен контакт
сеуште се најефективен начин на соработка.
Чинот на балансирање на дигиталниот и традиционалниот начин на комуникација
со нашите корисници е еден најголемите предизвици во денешното работење, а
резултатите покажуваат дека тоа успешно го правиме.
Какво е корисничкото искуство во продажен салон на А1
Македонија и дали се разликува од искуството на корисниците во Австрија?
Со оглед на фактот дека
А1 е силен и моќен бренд кој обезбедува мобилни, фиксни, телевизиски и интернет
услуги, како и Cloud решенија,
интензивно работиме на имплементирање на нашата стратешка определба, а тоа е
унифицирање на тоналитетот и карактерот
во комуникацијата со корисниците. Целта е овозможување на идентично премиум
корисничко искуство во сите А1 продажни места од А1 групацијата.
Секогаш се стремиме да
одиме чекор понапред со позитивен и оптимистички дух, ги анализираме потребите
на корисниците со цел да им понудиме најдобри решенија кои го збогатуваат
животот во ова дигиталното време. Премиум корисничкото искуство доаѓа како
резултат на нашата заложба за исполнување на дадените ветувања и томку затоа
нашите корисници можат целосно да се потпрат на наси нашите решенија.
Кои се квалитетите или вештините што треба да ги
поседуваат кандидатите да станат членови на продажен тим на А1 Македонија?
Вештина број еден за работа во продажба е комуникација и желба за работа со
луѓе. Мотивирани, отворени и позитивни ентузијасти се секогаш добредојдени во
нашите А1 продажни тимови. Кандидатите треба да го поседуваат овој збир на
квалитети, а А1 Македонија како компанија која е насочена кон своите вработени,
обезбедува нивна понатамошна едукација, мениторирање и развој. Континуираното учење,
усовршување и наградба е основата на еден од стратешките столбови на А1
Групацијата наречен Human@Center.
А1 Македонија на пазарот
нуди производи иуслуги не само на физички лица туку и на други бизниси.
Дали градењето силни партнерства со деловни клиенти е клучно за долгорочен
успех на ова поле?
А1 Македонија има навистина широко продуктно портфолио и сервиси се со цел
да одговори на сите кориснички очекувања и потреби. Освен
телекомуникациските услуги, од неодамна
A1 Македонија во соработка со надворешни деловни партнери како Триглав
Осигурување, ORYX ZubakGrupa,
Кроација осигурување почна да нуди услуги на нашите
корисници од типот Осигурување на домот и осигурување на опремата за
електронски комуникациски услуги, Помош на пат (Road Assistance), Осигурување на екраните на мобилните уреди, како и многу други услуги кои наидоа на одличен прием кај
нашите корисници.
Градењето на силни партнерства со деловни клиенти е гаранција за долгорочен
успех, бидејќи додаваме дополнителна вредност на нашите постоечки услуги. Со
воведувањето на нови, свежи и современи идеи и решенија го подобруваме
секојдневниот живот на А1 корисниците и обезбедуваме попродуктивен, побезбеден
начин на живеење чија крајна цел е повеќе уживање во слободното време и
семејството.
Кој е моделот за успешно градење партнерски односи со
деловните клиенти?
Модел на успешна соработка со деловните клиенти секогаш значи фер
партнерски односи, отворен ум за прифаќање на различни мислења, градање и
одржување на довербата, како и стремеж за подигнување на корисничкото
задоволство на сите инволвирани страни.
Конзистетноста и лојалноста во партнерските односи со деловните клиенти се
клучни фактори за долгорочна и успешна соработка.
Колку често Вие, како директор на продажба посетувате
продажен салон и што би им порачале на корисниците на А1?
Со оглед на
динамиката на моето секојдневно работење, максимално правам напор да ги посетам
А1 продажните салони барем еднаш месечно, понекогаш тоа значи и надвор од моето
работно време. Секогаш сакам да го слушнам мислењето и искуството на колегите
од продажните салони и затоа инсистирам на почести средби и состаноци со нив.
На тој начин, “од прва рака” добивам информации за корисничкото искуство и
задоволство на нашите А1 корисници, но и на нашите вработени. Задоволен
вработен значи и задоволен корисник.
Оттука би сакал да
им порачам на корисниците на А1 да бидат отворени за нови телекомуникациски и
дигитални искуства, да бараат совети од нашите искусни продажни агенти кои
знаат што е најдобро за нив и воедно да уживаат во новите А1 понуди и дигитални
решенија. А1 Македонија секогаш ќе биде тука за нив и максимално ќе се трудиме
да одговориме на нивните желби, барања и потреби за збогатување на
секојдневното живеење, работа и игра.
