Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Вакцинација против сезонски грип од утре, досега пријавени 30 000 граѓани
Македонија

Вакцинација против сезонски грип од утре, досега пријавени 30 000 граѓани

24/10/2023

AA

Триесет илјади заинтересирани до утринава биле пријавени за вакцина против сезонски грип која почнува утре, потврди за МИА, Александар Петличковски, претседател на Комисијата за заразни болести.

-Ќе се вакцинира во сите центри за јавно здравје низ државата. Тоа се вкупно 40 локации низ државата. Во Скопје, во четири пункта за вакцинација. Центар за јавно здравје и поликлиниките Букурешт, Идадија и Бит Пазар. Дополнително во Центар за јавно здравје има уште еден пункт, само за здравствени работници, изјави Петличковски.

На располагање се 60.000 дози вакцини.

-Вакцинацијата против грип е докажана изминатите години, многу е ефикасна и апсолутно е безбедно и исправно да се изврши вакцинирање, особено кај постарите, малите деца и тие со хронични болести. За разлика од Ковид, каде што вакцинацијата на младите не беше да речеме во прв ред како препорака, за грип, да, за малите деца стои дека се препорачува вакцинација против сезонски грип за педијатриска популација, нагласи Петличковски.

Како што информираше за МИА директорот на Институтот за јавно здравје Шабан Мемети утре почнува вакцинацијата протов сезонски грип, а најголем интерес има кај хронично болни и постари и изнемоштени лица.

И Лилија Чолакова Дервишова, претседателка на Здружението на приватни матични лекари, истакнува дека за вакцина против сезонски грип главно се одлучуваат хронично болни и постари лица, изнемоштени.

-Луѓето главно веќе се едуцирани и сами си се пријавуваат за вакцина на вакцинација.мк, или имаат помлади блиски околу себе, кои ги прават тоа за нив, изјави Чолакова Дервишова за МИА.

На вакцинација се оди доколку човек е здрав, потсетува таа, напоменувајќи дека тоа не се прави со каков било бактериски или вирусен афект.

– Заради тоа што сепак се руши имунитетот. Мора прво да се оздрави, па да се оди на вакцина, рече Чолакова Дервишова.

Министерството за здравство вчера информираше дека неделава почнува вакцинацијата против сезонски грип и оти во државата се пристигнати 60.000 дози четиритипни вакцини наменети за бесплатна вакцинација.

Граѓаните од ризичните групи кои се пријавиле за вакцинација преку веб-страницата вакцинација.мк, во следните денови преку смс порака ќе добијат известување за точниот датум, час и место за вакцинирање.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

МојДДВ повторно во функција: Од денеска продолжува скенирањето на фискалните

15/06/2026
Македонија

Пријавена жена во Тетово дека го удирала своето тримесечно бебе

15/06/2026
Македонија

Над 5.000 даночни должници на списокот на УЈП: речиси 13

15/06/2026
Македонија

Даночните решенија ќе стигнат до скопјани на крајот на јуни,

15/06/2026
Македонија

Еврокомесарката Марта Кос на почетокот на јули доаѓа во Скопје

15/06/2026
Македонија

Нов пожар кај Штип: Гори борова шума меѓу Долани и

14/06/2026
Македонија

Мицкоски: Реконструкција на Владата по роденденот на партијата на 17

14/06/2026
Македонија

МојДДВ не работи

14/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43755
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

МојДДВ повторно во функција: Од денеска продолжува скенирањето на фискалните сметки

15/06/2026

Популарната апликација „МојДДВ“ на Управата за јавни приходи (УЈП) од денеска е повторно целосно функционална. Граѓаните можат непречено да продолжат

Пријавена жена во Тетово дека го удирала своето тримесечно бебе во асфалт

15/06/2026

Во Тетово е пријавен шокантен случај на можно насилство врз тримесечно бебе. Според СВР Тетово, очевидци забележале жена како наводно

Над 5.000 даночни должници на списокот на УЈП: речиси 13 милијарди денари долг

15/06/2026

Управата за јавни приходи ја објави најновата листа на даночни должници, на која се наоѓаат вкупно 5.058 физички и правни

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy