ИНТЕРВЈУ ЦИГЛЕР: Продолжуваме да носиме иновации на пазарот и во ера на енергетска транзиција
ЕВН Снабдување годинава одбележува 10 години од
своето делување на пазарот на електрична енергија. Дали гледано од денешна
перспектива ги исполнивте целите што ги поставивте на самите почетоци?
Циглер: Навистина одбележувањето на една декада од нашето работење е добра причина
за да направиме ретроспектива, за тоа од каде почнавме и каде сме сега.
Почетоците на нашето работење се поврзани со промените на пазарот на електрична
енергија, на што претходеше промена на регулативата. Новите правила за прв пат
беа воведени на пазарот, што резултираше со доза на резервираност од страна на
компаниите, што е разбирливо. Ние во реалниот сектор тоа добро го разбираме
бидејќи сакаме предвидливост и намалување на ризиците. Во такви услови, од клучно
значење за компаниите беше да најдат искусен партнер кому ќе можат да му го
препуштат снабдувањето со електрична енергија, кое е клучен предуслов за функционалност
на процесите. Иако либерализацијата на пазарот беше новина на македонскиот
пазар, ЕВН Снабдување настапи со големо искуство и експертиза, што беше
вистинска конкурентска предност на пазарот. ЕВН Снабдување е членка на
Групацијата ЕВН, која има околу 4,5 милиони корисници во 25 земји и најголемо
искуство во Југоисточна Европа. Како резултат на тоа, ние понудивме стабилност,
доверба и квалитет. Корисниците веднаш препознаа дека можат да се потпрат на
нашите искусни тимови и слободно да се посветат на развојот на својот бизнис.
Па да сумирам, наша цел пред 10 години беше да бидеме една од водечките
компании на пазарот, која ќе понуди квалитет, доверба и експертиза 24 часа, 365
дена во годината. За да не бидам субјективен ќе ги споделам констатациите на
нашите клиенти, кои нѐ сметаат за доверлив и сигурен партнер, на кого
можат да сметаат. Оттука, не само што сме ги исполниле целите кои ги поставивме
пред 10 години, туку и повеќе од тоа. Но, тука не застануваме, бидејќи нашите
партнери и пазарот заслужуваат постојано да растат и да се развиваат.
Колку промените што настанаа со либерализацијата
на пазарот влијаеа на реалниот сектор?
Циглер: Секако дека имаше големи промени, кои на почетокот донесоа доза на несигурност.
Либерализацијата не значи нужно автоматско намалување на цените, но очекувањата
одеа во тој правец. За некои компании имаше драстично намалување, за некои тоа
беше во помал обем. Но, тоа што беше заедничка придобивка за сите беше промена
на планирањето на потрошената енергија и зголемената енергетска ефикасност.
Нашите искусни тимови врз база на претходна анализа креираа решенија по мерка на
корисниците, а на тој начин нашите партнери ја зголемуваа ефикасноста во своето
работење, ги намалуваат трошоците и стануваа поконкурентни на пазарите на кои
ги пласираат своите производи и услуги. Преку нашата работа, која се потпира на
експертиза и искуство ,помогнавме во развојот на компаниите на нашите корисници,
но и во целокупниот развој на националната економија. Секако, овој процес беше
взаемен, растевме и ние во ЕВН Снабдување. Денес гордо можеме да кажеме дека
имаме преку 3.600 клиенти, а од нив околу 1.000 се мали и средни компании.
Сакам да се заблагодарам за довербата на сите наши партнери, од кои голем дел
се со нас една деценија и да им порачам дека продолжуваме заедно и во следниот
период.
ЕВН Снабдување е многу активна и со понуда на целосно
нови услуги на пазарот каква што е електромобилноста. Што досега е направено на
овој план?
Циглер: Пазарот на електрична енергија минува низ драматични промени.
Имплементацијата на обновлива електрична енергија води до комплетно нов,
флексибилен пазар, со многу предизвици, дополнителни можности и решенија.
Воспоставениот однос помеѓу ЕВН Снабдување и нашите корисници ќе прерасне во
енергетско партнерство. Една од работите што ни дава сериозна конкурентска
предност на пазарот се дополнителните услуги што ги нудиме, како на пример консалтинг
за енергетска ефикасност, во чии рамки изработуваме решенија за нашите партнери
со што се намалува потрошувачката, потоа виртуелниот производител, преку кој им
овозможуваме на нашите партнери да учествуваат на пазарот на електрична
енергија со своите централи за обновлива енергија, со цел оптимизација на
трошоците и секако електромобилноста. Во таа насока, во соработка со општините,
изградивме сериозна инфраструктура за електромобилност во 17 градови низ земјата.
Електрични полначи се поставени на јавни површини, во хотели и трговски центри,
со што се создадоа услови за поголемо користење на електричните возила и за
поголема заштита на животната средина. Годинава започнавме соработка со
Макпетрол за инсталација на 10 брзи полначи на главните патишта во земјата за
да овозможиме да се патува преку и низ Македонија со електрично возило. Зелената
енергија и забрзувањето на енергетската транзиција се големи теми во
енергетиката. Но, за да се случат промените секој од нас треба да даде свој
придонес. ЕВН Снабдување и целата групација ЕВН работи многу на овој процес.
Токму електромобилноста е една од тие области во кои сакаме да дадеме сериозен
придонес и да поттикнеме уште поголем развој.
Какви се вашите идни планови, на што ќе се
фокусирате?
Циглер: Со голема посветеност и работа успеавме да воспоставиме стандарди на
пазарот кои гарантираат врвна услуга. Нашите клиенти добиваат лична услуга која
менаџерот за клучни корисници на ЕВН Снабдување и неговиот тимја дизајнираат според
потребите на корисниците. Денес ЕВН Снабдување има над 45 проценти пазарен удел, а за
уште поголема стабилност на нашите партнери инвестиравме во сопствени
капацитети од 180 MW електрична енергија, додавајќи ѝ нова
вредност на компанијата. Промените на пазарот се динамични, а ние со нашите
тимови подготвено ги следиме и работиме на нови услуги кои ќе одговорат на
потребите. Едно ќе биде исто и во иднина, ЕВН Снабдување останува сигурен и
доверлив партнер.