Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Интервју: Бабиќ, Дујак и Новески од Brand Union: Горди сме со тимот кој е подготвен за секој маркетинг предизвик
Економија

Интервју: Бабиќ, Дујак и Новески од Brand Union: Горди сме со тимот кој е подготвен за секој маркетинг предизвик

02/03/2023

AA

Да се води
маркетинг агенција во време на рецесија, пандемија, константно нестабилен пазар
и променливи тенденции е навистина голем предизвик. Кога тоа го правите
комплетно сами, како независен тим кој се потпира исклучиво на својата
посветеност и креативност е уште потешко, но и задоволството од добро завршена
работа и постигнати резултати се поголеми.

Поразговаравме
со Ира Бабиќ, Ива Дујак и Оливер Новески, партнери во независната маркетинг
агенција Brand Union за развојот на нивната агенција која годинава го означи
11-от роденден, за маркетинг пазарот во Македонија и предизвиците со кои се
соочуваат.

Одбележувате 11 години постоење на
маркетинг агенцијата Brand Union! Како започнавте, каде сте денес? Кои се
најголемите предизвици со кои се соочивте во овие 11 години и како ги
надминавте?

Ира: Основниот мотив и вредности кои ги
имавме на самиот старт ги негуваме и денес и сѐ уште истите се главниот
двигател на Brand
Union. Непроменети ни се ентузијазмот и
љубовта кон кративната индустрија и маркетинг комуникациите,  желбата за креирање на стабилен тим на
професионалци каде секој поединечно има уникатна улога во колективот, здрава
работна средина која инспирира и дава простор на слободно изразување и
делување, искрениот и професионалниот однос кон клиентите и соработниците.

Промените и
адаптирањето се неизбежен дел во развојот и процесот на растење на една компанија.
Започнавме како агенција која е специјализирана за дигитални комуникации, а
потоа како растеше нашето искуство и портфолио на клиенти, така и ние ги
проширивме маркетинг услугите кои ги нудиме, и прераснавме во агенција која во
блиска соработка со своите клиенти ги нуди сите маркетинг услуги кои се
потребни за постигнување на бизнис целите.

Предизвици
имало, и сигурно ќе има и понатаму, но секогаш нашиот фокус не бил на
проблемот, туку на причината зошто дошло до некаков проблем, и што треба ние да
направиме и промениме за да избегнеме во иднина исти или слични предизвици. Меѓу
главните лекции научени изминативе години е дека емпатијата е неопходна за
креирање на здрави и долгорочни релации, како и дека единствената сигурна
работа е постојаната промена и потреба за адаптирање.

Кои се вашите гледишта за развојот на маркетинг
индустријата во Македонија во изминатите 11 години? Во кои области сметате дека
има најголем напредок а што е она што сè уште недостасува?

Оливер: За жал маркетинг индустријата во
Македонија во изминативе години се развива многу бавно, во сенка на големиот
број економски проблеми, но и во константно исчекување на нови идеи кои ќе се
покажат како успешни на другите пазари кои може да ги применуваме кај нас. Во
последните години имаме појава на голем број маркетинг агенции на пазарот, а дигиталниот
маркетинг дефинитивно имаше позитивно влијание кон започнувањето на големите
брендови и компании да комуницираат подиректно со потрошувачите и да
размислуваат повеќе за нестандардните маркетинг формати. На пазарот сè уште
недостига храброст за креирање на кампањи со посмели пораки кои ќе се
разликуваат од традиционалните билборд пораки, завземање став за одредени општествени
вредности кои треба да се поддржуваат, како и стратешко
размислување за маркетингот како долгорочно инвестирање наместо кампањско
трошење на буџети.

Покрај креирањето на и
спроведувањето на сите промотивни маркетинг активности, кои се другите начини
на кои како маркетинг агенција им помагате на вашите клиенти во остварување на
нивните бизнис цели?

Ива: Нашата
соработка се базира на многу повеќе од само развој на комуникациски пораки. Сѐ
почеста пракса е работењето со клиенти на оформување на производи од самиот
старт на нивно осмислување, па до краен пласман и промотивна комуникација.
Соработуваме во секој чекор од овој процес – од истражување на интерните
можности на клиентот и екстерните на пазарот, развивање на бренд и визуелен
идентитет, до дизајн на пакување, именување на производ и изработка на
интегрирани решенија за негово промовирање онлајн и офлајн.

Блиската и отворена соработка
помеѓу клиентот и агенцијата е од големо значење за успешно реализирање на сите
маркетинг активности. Какви се вашите досегашни искуства?

Ира: Најважното, а кои и вие самите го
спомнувате во прашањето е – соработка, а јас ќе надополнам и со доверба. За да постигнеме
резултати и за да ги исполниме поставените комуникациски и бизнис цели
неопходно е да постои блиска, отворена комуникација и дискусија, да имаме меѓусебна
доверба, почитување и разбирање. Маркетинг комуникациите се жива материја, вклучуваат
многу различни активности и канали кои може да се искористат, и за одбирање на
вистинскиот микс и стратегија за нас како агенција е значајно да имаме доволно
информации, често информации кои се третираат и како строго доверливи. Искуството
покажало дека најуспешните соработки и резултати се постигнуваат кога постои
симбиоза помеѓу нас и клиентот, разбирање на меѓусебните потреби, знаења и
процеси  и заеднички се доаѓа до
креативен концепт кој ги исполнува поставените цели. Горди сме што соработуваме
со компании кои навистина го разбираат маркетинг процесот и начинот на
комуникација, што нам ни овозможува да смислуваме и спроведуваме креативни
концепти кои се забележани и успешни.

Во кој дел од работата
најмногу се пронаоѓате, што најмногу ве мотивира и инспирира?

Оливер: Можноста да
работиме на долгорочно градење бренд за некој производ или компанија е секогаш
предизвик за луѓето во маркетинг, па така и за нас. Нè  инспирираат константните и брзи промени во
маркетингот кои мора да ги следиме секојдневно за да не загубиме чекор со
индустријата. Нè инспирира самата достапност на многубројни нови алатки и нови
канали за комуникација со потрошувачите. Нè инспирираат и неограничените
можности за покажување на креативноста на бројни начини. Нè мотивира желбата да
креираме дела кои освен што ќе остваруваат бизнис резултати, ќе бидат
препознаени и ќе придонесат за подобрување во некој дел од нашето секојдневие
во кое живееме.

Повеќепати во
ваши интервјуа и објави на социјалните медуми го истакнувате тимот, колегите,
заедничките моменти, енергијата. Која е тајната за задржување на тимот и
тимскиот дух?

Ива: Отворената и директна комуникација, неограничената меѓусебна поддршка,
оставањето на егото на страна и размислувањето и делувањето како екипа.

Секој води со
својот пример, секој ја носи својата одговорност а тоа заедно придонесува да ја
имаме енергијата која нѐ движи и ги носи резултатите на кои се гордееме.

Вистински ни
е важно секој член од нашиот тим да биде среќен кога доаѓа на работа, се
трудиме да направиме сѐ што можеме да го задржиме тоа.

Што ве
разликува од останатите маркетинг агенции?

Оливер: Понекогаш на шега велиме дека е инаетот, но во суштина тоа се упорноста и
ентузијазмот да се креираат одлични решенија, без разлика на условите. Нашиот
репер не е само локалното поднебје, нашиот стремеж е и во Македонија да
продуцираме „светски“ решенија.

Спојот на колеги
од различни возрасти, со различни интереси и познавања, но со исти вредности и љубов
за работата, тим кој непрестајно сака да учи, да креира, да анализира и да совладува
нови предизвици е суштински за остварувањето на овие цели. Непрекинато работиме
на сопствено унапредување, но, и на унапредување и градење на отворена и
директна комуникација со клиентите, со кои партнерски влегуваме во развојот и
исполнувањето на заеднички поставените цели.

На кои проекти
/ кампањи сте особено горди?

Ива: Тешко е да се издвојат само неколку од сите 11 години работење во кои сме
соработувале со преку 100 локални и интернационални клиенти.

Можеби од
најскоро време би го издвоила комплетното ребрендирање на Amstel и интегрираната
кампања за негова промоција, изработката на проектно видео за Bundes Banka каде
паралелно координиравме продукциски тимови во 5 земји, како и празничната
кампања за Ladna во која успеавме да достигнеме 440% пораст на интеракции со
нивната публика онлајн. Воедно и редовната соработка со клиенти како Philips
која опфаќа комплетно покривање на сите нивни комуникациски и дизајн потреби ни
е секогаш предизвик и истовремено задоволство.

Посебно ни
значи кога можеме да работиме на кампањи кои имаат и општествено влијание, па
така би ја спомнала и кампањата „Тука сме за тебе“ со Kvinna till Kvinna за
борба против родово-базирано насилство, долгогодишната соработка со Програмата
за зачувување на природата, како и соработката со Пакомак со кои скоро 10
години заеднички се бориме да ја развиваме свесноста и да поттикнеме акција за
селектирањето на отпад.

Има уште
многу, не би сакала никој да се почувствува изоставен бидејќи сите навистина ни
значат, секоја нова кампања и проект нѐ прават подобри и како креативци и како
соработници за нашите клиенти.

Како го замислувате Brand Union на
22 години?

Ира: Во денешното динамично
опкружување кога од месец во месец технологијата напредува, а со тоа се
менуваат потребите, но и начините на кои ги спроведуваме маркетинг активностите,
навистина е голем предизвик да го визуелизирам Brand Union за 11 години отсега.

Посакувам и
во 2034 да сме компактен тим кој навистина со уживање и задоволство работи и
креира успешни и креативни маркетинг кампањи, следејќи ги и адаптирајќи се на
сите промени и предизвици кои ќе се случат во следниве години.

Верувам дека
ќе продолжиме да ги негуваме и продлабочуваме релациите со клиентите, ќе
движиме кон сѐ поголемо вклучување на технолошките достигнувања, особено
вештачката интелигенција, и понатаму ќе работиме на комуникациски платформи и
кампањи кои овозможуваат блиска и непосредна комуникација помеѓу компаниите и
публиката.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy