Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Спасовски на терен заедно со полицијата во скопски Чаир: Намалување за 50% на сообраќајните несреќи со жртви во првите два месеци од 2023 година
Македонија

Спасовски на терен заедно со полицијата во скопски Чаир: Намалување за 50% на сообраќајните несреќи со жртви во првите два месеци од 2023 година

02/03/2023

AA

Вечерва, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, заедно со дел од раководството на МВР, беше во скопски Чаир каде полициски службеници преземаа сообраќајни активности во овој дел од градот Скопје, во насока на зголемување на безбедноста во сообраќајот и санкционирање на возачите кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Посетата е продолжение на серијата средби на министерот Спасовски со полициските службеници на терен, каде на лице место во работна атмосфера, директно на терен се информира како се остваруваат предвидените планови и задачи. „Сакам да потенцирам дека ова раководство на Министерството за внатрешни работи од 2017 година, па наваму континуирано инвестира во материјално-техничкото опремување на сите единици на МВР, вклучително и на единиците на сообраќајната полиција, а во насока на подобрување на безбедносната состојба во сообраќајот, намалување на бројот на случени сообраќајни незгоди со потешки последици, постигнување на повисок степен на поволна безбедносна состојба во сообраќајот на патиштата и воспоставување на поголема дисциплина кај учесниците во патниот сообраќај“, напомена Спасовски.Министерот потсети дека со унапредувањето на капацитетите и модернизацијата во работењето на сообраќајната полиција, преку набавените возила и опрема, МВР остварува сериозен напредок во работењето.

„На подрачјето на СВР Скопје годината ја започнавме со 20% намален број несреќи со потешки последици за разлика од јануари минатата година, а во првите два месеца од 2023 година бележиме двојно намалување на сообраќајни несреќи со жртви (3) споредбено со истиот период лани (6). Во текот на 2023 година на територија на СВР Скопје во месеците јануари и февруари за возење со брзина поголема од дозволената санкционирани се 1.815 возачи. Исто така, во првите два месеца од 2023 година за возење под дејство на алкохол санкционирани се 394 возачи“, информираше министерот.

Спасовски изрази уверување дека ќе се продолжи и понатаму со зголемување на ефикасноста во санкционирањето на возачите кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, а сето тоа во насока на подобрување на безбедноста во сообраќајот како еден од врвните приоритети.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Градоначалникот на Зелениково возел противпожарно возило за да ги спаси

16/08/2026
Македонија

Во септември покачување на пензиите

16/08/2026
Македонија

Три нови случаи на западнонилска треска, прв регистриран во Арачиново

15/08/2026
Македонија

Земјотрес попладнево во Македонија

15/08/2026
Македонија

Повикал Итна помош за мајка му, па им се заканувал

15/08/2026
Македонија

Скопјанка измамена за околу 200.000 денари со понуда за каско

15/08/2026
Македонија

Земал 200 евра за наводно лекување на ќерка му, па

15/08/2026
Македонија

Четворица приведени во Шуто Оризари: Насилно ѝ дале марихуана на

15/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45038
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Градоначалникот на Зелениково возел противпожарно возило за да ги спаси куќите од пожарот кој ноќеска

16/08/2026

Драматична ноќ во Зелениково, каде пожар околу два часот по полноќ се приближил до последните куќи на ридот над населеното

Во септември покачување на пензиите

16/08/2026

Пензионерите во Македонија во септември ги очекува ново зголемување на пензиите, кое овојпат треба да биде процентуално и да зависи

Три нови случаи на западнонилска треска, прв регистриран во Арачиново

15/08/2026

Потврдени се три нови случаи на западнонилска треска, со што вкупниот број се искачи на 34, соопштија од Центарот за

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy