Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Интерната комисијата откри 10 непотребни кардиолошки операции: Случаите одат на дополнителна анализа
Македонија

Интерната комисијата откри 10 непотребни кардиолошки операции: Случаите одат на дополнителна анализа

14/11/2025

AA

Од вкупно 25 пристигнати случаи, Интерната комисија за кардиолошки и кардиохируршки интервенции досега анализирала 19. Кај 10 од нив било утврдено дека операциите биле непотребно извршени или пациентите биле неоправдано упатени на хируршка интервенција, соопшти денеска министерот за здравство Азир Алиу на прес-конференција.

Алиу информира дека кај шест од пријавите комисијата утврдила дека нема надлежност и дека тие предмети ќе бидат проследени до Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

Претседавачот на комисијата, д-р Жарко Христовски, појасни дека во првата фаза биле обработени само случаи поврзани со проценка за потреба од реваскуларизација кај пациенти со васкуларни заболувања, без оглед дали станува збор за кардиолошки или периферни состојби. Останатите пријавени случаи ќе бидат разгледувани дополнително, во следните фази од работата.

„Одлуките ги носевме врз основа на достапната медицинска документација, според пријавите од пациентите до Фондот за здравствено осигурување, како и од здравствените установи до Фондот и Министерството за здравство. Резултатите од оваа првична анализа ќе ги споделиме и со меѓународната комисија што ја очекуваме да пристигне по покана на Министерството, со цел дополнителна обработка на случаите кај кои утврдивме проблематична индикација за интервенција“, изјави Христовски.

Тој додаде дека во следната фаза ќе се спроведе и анализа на работа на институциите што се занимаваат со кардиоваскуларна медицина, согласно стратегија што ќе биде усвоена на следниот состанок на комисијата. Целта е да се направи поширока проценка на третманите на пациенти со кардиоваскуларни заболувања и да се предложат мерки за нивно унапредување.

„Интеграцијата на јавното и приватното здравство, заедно со размена на информации и усогласување на стратешките пристапи, треба да резултира со конкретни заклучоци за подобрување на третманот. Засега, кај 10 случаи утврдивме прекстензивно поставена индикација, кои ќе продолжат да бидат предмет на анализа. По формирањето на меѓународната комисија и деталниот увид во медицинската документација, ќе донесеме финални заклучоци и ќе предложиме соодветни понатамошни чекори“, додаде Христовски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy