
Интер со петтиот триумф по ред се врати на врвот од Серија А (ВИДЕО)
„Нераѕурите“ добро го почнаа натпреварот и преку Лаутаро Мартинез поведоа уште во 14. минута. Ова се покажа како клучен момент на мечот, бидејќи до крајот мируваа мрежите на „Артемио Франки“. Домашниот тим може да жали што не дојде до бод, со оглед што промаши пенал преку Гонзалес во 76. минута.
Ова беше петта победа по ред за составот од Милано во сите натпреварувања, како потврда на одличната форма на тимот предводен од Симоне Инзаги. Интер сега има 54 бодови, еден повеќе од Јуве, кој има и натпревар повеќе.
