Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Интегративните процеси од особена важност за стабилноста на регионот – порака од средбите на министерката Петровска со колегите од Црна Гора, Босна и Херцеговина и Косово
Македонија

Интегративните процеси од особена важност за стабилноста на регионот – порака од средбите на министерката Петровска со колегите од Црна Гора, Босна и Херцеговина и Косово

16/11/2023

AA

Министерската за одбрана Славјанка Петровска во рамки на состанокот на министри за одбрана на Иницијативата САД-Јадранска повелба денеска оствари одвоени средби со Драган Краповиќ, министер за одбрана на Црна Гора, Славен Галиќ, заменик-министер за одбрана на Босна и Херцеговина и Ејуп Маќедонци,  министер за одбрана на Косово кое е земја-набљудувач во рамки на оваа Иницијатива.

На средбите Петровска истакна дека земјите од Западниот Балкан заслужуваат да бидат дел од Европската Унија и ја потенцираше важноста на интегративните процеси за безбедноста, стабилноста и просперитетот на регионот.

На новопоставениот црногорски министер за одбрана, Драган Краповиќ, министерката му посака успешен мандат и порача дека двете земји имаат одлични одбранбени односи како две сојузнички земји во НАТО, а заедно се посветени и на регионалните иницијативи како САД – Јадранската повелба.

„Овој состанок ја потврди посветеноста на регионот кон безбедноста. А5 е една успешна приказна која треба да послужи како пример за одлична регионална соработка. Билатерално имаме одлична одбранбена соработка која целосно ја поддржувам зашто денеска сме дел од Алијанса која ја трасира иднината“, рече министерката.

Министерот Краповиќ порача дека блиските односи помеѓу Северна Македонија и Црна Гора се приказ за трајното пријателство и отвореноста за уште поблиска соработка. Краповиќ се заблагодари за можноста за реализација на обуки за црногорските вооружени сили на Криволак, како и за школувањето на питомци за потребите на вооружените сили на Црна Гора на Воената академија во Скопје.

Министрите разговараа и за заедничкиот придонес на Северна Македонија во мултинационалните сили на НАТО во источното крило, што е приказ за заедничката посветеност на зацврстувањето на колективната одбрана на Алијансата.

На средбата со заменик министерот за одбрана на Босна и Херцеговина, Галиќ, Петровска порача дека Северна Македонија високо ја цени билатералната одбранбена соработка и е подготвена да ги пренесе искуствата на БиХ во евроатлантските интегративни процеси.

„Уверена сум дека денешната средба ќе придонесе за интензивирање на билатералната одбранбена соработка меѓу нашите две пријателски земји. Ја поддржуваме Босна и Херцеговина и подготвени сме да ги пренесеме нашите искуства во евроинтегративниот процес“, рече Петровска.

Министерката изрази задоволство што Северна Македонија придонесува во рамките на ЕУ операцијата „АЛТЕА“ во Босна и Херцеговина која е фактор на стабилност во земјата и во регионот.

Петровска и Галиќ разговараа и за можностите за унапредување на билатералната соработка преку потпишување на билатерален договор за соработка за што имаа целосна поддршка.

Министерката Петровска упати честитки и му посака успех и на новопоставениот косовски колега, Ејуп Маќедонци и истакна дека овие средби се показател за одличните односи помеѓу двете земји.

Петровска потенцираше дека од најголема важност е сигурен, стабилен и просперитетен регион и дека Северна Македонија секогаш дава приоритет на политичкиот дијалог за отворените прашања.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy