
Инспектори по охридското крајбрежје, 12 угостители на плажите не ги исполнувале безбедносните услови
Инспекторите утврдиле дека 30 угостители не ги исполниле минималните технички услови за работа на охридското крајбрежје, објави ТВ Алфа.
Кај оние угостители што се во рамки на плажите, кај осум биле пронајдени неправилности во Струга, а кај четири од нив во Охрид.
Биле изречени и 18 пркршоци за чамци поради ноќно пловеќе, непоседување уверение за управувач на чамец, неистакната регистараска ознака , а еден катамаран е казнет за преоптовареност со патници. Бродовите биле технички исправни со хидратантска мрежа, ПП апарати и навигација
Инаку охридскиот „Црвен крст“ побарал повторно да проработи чамецот-амбуланта кој пет години не функционира и е закотвен во каналаот. Како единствен од ваков тип бил ставен во функција пред 11 години.

