Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Инспектори од Агенцијата за цивилно воздухопловство влегоа во М-НАВ
Македонија

Инспектори од Агенцијата за цивилно воздухопловство влегоа во М-НАВ

05/01/2024

AA

Инспектори од Агенцијата за цивилно воздухопловство од сабајлево вршат вонреден надзор во Македонска навигација (М-НАВ) по физичкиот напад што се случи вчера кон еден од контролорите на летање во зградата на оваа институција.

Директорот на АЦВ, Томислав Тунтев во изјава за весникот ВЕЧЕР вели дека испратени се инспектори од делот за обезбедување и од делот за безбедност со цел да се соберат сознанија што точно се случило и дали евентуално настанало загрозување на безбедноста од било кој аспект.

Струковиот Синдикат на Контролорите на Летање – ССКЛ денеска извести за безбедносни пропусти во службите кои се задолжени за обезбедување на објектот и лицата вработени во објектот на Контролата на летање, како и соучесништво од страна на лица кои се вработени во македонската навигација кои го потпомогнале влезот на неовластените лица кои го нападнале контролорот.

– Ние постапуваме затоа што не постои пријава за настанот, се решивме за вонредна контрола од она што го слушаме или читаме во медиумите и реагираме по допрен глас. Ако се утврдат недостатоци во процедурите или постапките на службата за обезбедување, или имало потенцијална опасност за воздушниот сообраќај, ќе следат потребните корективни мерки или мерки на санкции согласно нашите надлежности – вели Тунтев.

Според негови сознанија, со инцидентот во Контролата на летање немало намера да се загрози безбедноста на авиосообраќајот, туку станувало збор за нарушени меѓучовечки односи кои кулминирале со тепачката, што никако не смеела да се случи во таков објект од голема државна безбедност.

Главна функција на АЦВ е обезбедување на безбедносното работење на субјектите на воздухопловната индустрија и безбедносно одвивање на целокупното воздухопловтво.

Од скопското Основ но јавно обвинителство велат дека се преземаат дејствија за расчистување на настанот.

– Основното јавно обвинителство Скопје во текот на денот очекува кривична пријава од Министерството за внатрешни работи, а за натамошната постапка соодветно ќе ја информира јавноста – велат од ОЈО.

(С.Бл.)

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy