Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Инфлуенсерка осудена за трговија со луѓе: „Чуваше девојка како робинка“
Магазин

Инфлуенсерка осудена за трговија со луѓе: „Чуваше девојка како робинка“

15/07/2024

AA

 

Како што пренесува Би-би-си, две млади Бразилки исчезнале во септември 2022 година, а нивните семејства и пријатели почнале потрага во САД за да ги најдат.

Исчезнатите девојки живееле со истакнатa инфлуенсерка Кат Торес, која порано била познат модел и била видена како се забавува со Леонардо ди Каприо.

Торес успеала да привлече голем број девојки ветувајќи им дека ќе ги научи како да успеат во светот и да стекнат самодоверба. Една од нив, Ана, која одиграла клучна улога во пронаоѓањето на инфлуенсерката и нејзините жртви, изјави дека во 2017 година наишла на инстаграм-профилот на Торес.

„Ме привлече како успеа од бразилска фавела да дојде до меѓународна слава на модел“, рече Ана додавајќи дека во тоа време се чувствувала ранлива и дека Торес ѝ дала надеж. Инфлуенсерката ја напиша и својата автобиографија „Гласот“ тврдејќи дека има духовна моќ и може да ја предвиди иднината“.

Сето тоа ја привлекувало Ана, но и другите девојки, но тие не знаеле дека Торес својата книга ја засновала на полувистини и лаги. Инфлуенсерката им ветила на девојките деловен успех, пари и самодоверба.

Кога Торес во 2019 година ѝ предложила на Ана да се пресели во нејзиното место во Њујорк, каде што ќе ѝ биде помошник, и девојката се согласила. Таа требало да се грижи за станот, да се грижи за домашните миленици и да готви за плата од речиси 2.000 долари месечно.

Меѓутоа, набргу сфатила дека Торес ја третира како робинка постојано барајќи од неа да ѝ помогне во сè и дозволувајќи ѝ да спие само неколку часа на ден.

Бидејќи немала каде да живее зашто го откажала сместувањето во студентски дом во Бостон, а немала средства за живот, издржала три месеци, а потоа успеала да избега и да се пресели кај своето момче. Кога дознала дека уште две Бразилки, Дезире и Летиција, исчезнале во септември 2022 година, Ана и некои други измамени следбеници на инфлуенсерката стапиле во контакт со безбедносните служби, вклучително и ФБИ.

Торес побегна со двете девојчиња што ги држеше во заробеништво, но беше пронајдена и девојчињата беа вратени во Бразил во декември 2022 година.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Дете се затруло со бензин во Куманово, пренесено во болница

20/08/2026
Македонија

МВР: Ставена во функција апликацијата „Безбеден град“ за странските возила

20/08/2026
Македонија

Владата потрошила 6 милиони денари за питка вода за гостиварчани

20/08/2026
Македонија

Од септември ново правило за Google услугите во Македонија –

20/08/2026
Македонија

22 пожари на отворено за еден ден: Осум и натаму

20/08/2026
Македонија

Ангелов: Водата во Гостивар е безбедна, грижата за квалитетот сега

20/08/2026
Македонија

Без концесија копале на државно и приватно земјиште, па ја

20/08/2026
Македонија

Владата најави „училишна кошничка“: Во вторник одлука за пониски цени

20/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45150
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Дете се затруло со бензин во Куманово, пренесено во болница

20/08/2026

Мало дете од Куманово било итно пренесено во болница откако испило бензин. Случајот бил пријавен во полицијата во текот на

МВР: Ставена во функција апликацијата „Безбеден град“ за странските возила

20/08/2026

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека е ставена во функција веб апликацијата со мобилен интерфејс „Безбеден град“, која

Владата потрошила 6 милиони денари за питка вода за гостиварчани

20/08/2026

Речиси шест милиони денари изнесуваат трошоците за обезбедување питка вода за жителите на Гостивар во периодот додека беше во сила

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy