Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ИНФЛАЦИЈАТА ГО „ИЗЕДЕ“ АВТООСИГУРУВАЊЕТО: Осигурителниот бизнис е обесправен, работи со стари цени од пред 17 години
Економија

ИНФЛАЦИЈАТА ГО „ИЗЕДЕ“ АВТООСИГУРУВАЊЕТО: Осигурителниот бизнис е обесправен, работи со стари цени од пред 17 години

06/02/2025

AA

Со непроменети цени цели 17 години, осигурителните
компании продолжија да продаваат полиси за осигурување на возила и покрај
енормните поскапувања во сите сектори кои го засегаат овој бизнис.

Иако цените на полисите останаа исти, цените на резервните
делови на возилата,  вредноста на
возилата, работната рака, реосигурувањето, драстично се зголемија, а со самото
тоа што минатата година, беше донесена одлука да нема покачување на цената на
полисите, беше нанесен неправеден удар кон осигурителната индустрија.

Познавачите велат дека мора да има корекции на цените,
бидејќи инфлацијата го изеде автоосигурувањето. Велат дека некои работи кои ја засегаат оваа индустрија се со пораст на цената од над 100 проценти и дека тоа претставува голем товар за компаниите од осигурителниот бизнис.

Осигурувањето
од автомобилска одговорност е задолжително осигурување согласно Законот за
задолжително осигурување во сообраќајот. Со ова осигурување се покрива
одговорноста на сопственикот за штети причинети на трети лица кои за последица
може да имаат смрт, повреда, нарушување на здравјето, оштетување и уништување
на предмети. Цената за осигурувањето од автоодговорноста ја утврдува Комисија
за автоодговорност при Владата на Република Македонија. Владата на Република
Македонија носи одлука за висината на минималната и максималната техничка
премија.

Минатата година цените на полисите беа фиксирани од страна
на Министерството за финансии, откако осигурителните компании побараа да се зголемат
цените, заради зголемите цени на автоделовите.

Поконкретно, лани во мај, Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност
утврди потреба од измени на тарифата за премии за осигурување и подготви
предлог-измени со кои се враќа цената на осигурувањето за автоодоговорност, на
ниво на кое што беа пред 25 април минатата година.

Од министерството за финансии уште тогаш истакнаа дека состојбите на пазарот ќе се следат и дека ќе се преземаат соодветни одлуки, врз
основа на анализи и во еден отворен и транспарентен процес, но до ден денес нема никакви измени во цените на автоосигурувањето.

Д.Т.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy