Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ДУРИ 150 КОМПАНИИ ТРИЈАТ РАЦЕ, ВЛАДАТА ИМ ДОЛЖИ 50 МИЛИОНИ ЕВРА: Уставен го укина солидарниот данок, беше воведен за пополнување на буџетскиот дефицит
Економија

ДУРИ 150 КОМПАНИИ ТРИЈАТ РАЦЕ, ВЛАДАТА ИМ ДОЛЖИ 50 МИЛИОНИ ЕВРА: Уставен го укина солидарниот данок, беше воведен за пополнување на буџетскиот дефицит

06/02/2025

AA

Државата ќе мора да врати 50 милиони евра, откако Уставниот суд го поништи Законот за солидарен данок. Тоа значи дека сега Владата, непланирано, ќе мора да издвои пари од буџетот и на 150 компании кои го платија, да им ги врати парите назад. Ретроактивното дејство на законот, погрешната примена на европската директива и селективната на законот се главните аргументи уставните судии заради кои ја донесоа оваа одлука. 

Според претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, сега секоја компанија која што платила солидарен данок, ќе може да си ги побара парите назад и тоа со камата, а државата има рок од 5 години, да им ги врати. Се очекува двете страни да седнат и да се договорат, оти во спротивно ќе мора да се поведе судски спор. 

„Со оваа одлука ја вративме состојата на уставност“ вели претседателот Костадиновски.

Иако најави дека ќе го направи тоа, Владата не одговорила на барањето на Уставен за мислење по иницијативата за проверка на уставноста на солидарниот данок. Сепак, пред десетина дена оттаму се изјаснија дека ќе ја почитуваат одлуката на Уставен каква и да е. 

Бизнис заедницата беше иницијаторот за проверка на уставноста на овој данок. Тие тврдеа дека данокот на солидарност ја нарушува предвидливоста во работењето на компаниите и ги одвраќа инвеститорите. 

Данокот на солидарност го воведе претходната Влада, со цел покривање на буџетскиот дефицит. Данокот беше платен од страна на сите фирми што остварија приход од над 10 милиони евра. Според Законот, овие компании платија 30 отсто на разликата во добивката во годината кога имаше енергетска криза, во однос на добивката од претходните три години.

Одлуките на Уставниот суд не се коментираат, туку се спроведуваат и ако Судот донесе одлука да се вратат 50-те милиони евра од солидарниот данок ние ќе ги вратиме, посочи на крајот на минатиот месец, премиерот Христијан Мицкоски.

-Ние враќаме многу работи кои ги задолжиле претходните. Многу пати сум рекол дека нема да ги коментирам одлуките на Уставниот суд. Ако донесат таква одлука мора да ги вратиме тие пари, нема што да правиме, ќе скратиме од нешто друго и ќе направиме ребаланс. Воедно ќе ја разгледаме и можноста за кривична одговорност на тие кои донесоа одлука на ваков начин да се води економијата зашто дефакто Буџетот е оштетен, а може утре и камати да ни побараат ако донесе таква одлука Уставниот суд, рече неодамна Мицкоски.

Нагласи дека одлуките на Уставниот суд се конечни и не може да се коментираат и додаде дека станува збор за пари кои им припаѓаат на сите граѓани, а Владата само менаџира со нив.

-Доколку донесе одлука Уставниот суд наместо да правиме вакви улици, училишта, булевари, експресни патишта ние ќе ги вратиме парите затоа што некој се однесувал како што се однесувал – насилно дивеел и мислел дека е семоќен, но очигледно е дека ние ќе мора да плаќаме за тоа и ќе плаќаме и пак ќе успееме – рече тогаш Мицкоски.

Д.Т

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

„Старлинк“ најави брз сателитски интернет директно на мобилните телефони и

02/09/2026
Македонија

Невреме со пороен дожд, грмежи и град погоди повеќе делови

02/09/2026
Македонија

Семејна драма во Велес: Татко и син уапсени откако со

02/09/2026
Македонија

Судење за „Пулс“: Вештаците со детали за пропустите, заштитата и

02/09/2026
Македонија

Општина Прилеп со финансиска поддршка од 3.000 денари за секое

02/09/2026
Македонија

Големо невреме со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и појава

02/09/2026
Македонија

Почина професорот и дипломат Јован Донев

02/09/2026
Македонија

Јаневска: Наставниците во март ќе добијат покачување на платите

02/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45412
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

„Старлинк“ најави брз сателитски интернет директно на мобилните телефони и во Македонија

02/09/2026

Компанијата „Старлинк“ најави проширување на својата мобилна услуга во Европа во соработка со телекомуникациската групација „4иГ Груп“, а во плановите

Невреме со пороен дожд, грмежи и град погоди повеќе делови од Македонија

02/09/2026

Бран од нестабилно време зафати поголем дел од земјата, донесувајќи слаби до умерени, а наместа и интензивни поројни врнежи од

Семејна драма во Велес: Татко и син уапсени откако со сила пресретнале и претепале 22-годишник

02/09/2026

Велешката полиција вчера ги лишила од слобода 50-годишниот Н.С. и неговиот 20-годишен син М.С. по пријава за физички напад и

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy