Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ИНФЛАЦИЈА: Се намали во Грција, а во Турција во 2026 година ќе биде едноцифрена
Економија

ИНФЛАЦИЈА: Се намали во Грција, а во Турција во 2026 година ќе биде едноцифрена

11/06/2024

AA

Се намалила инфлацијата кај јужниот сосед. Годишната стапка на инфлација во Грција се намали во мај од 3,1 отсто во април на 2,4 отсто, објави денеска грчкиот Институт за статистика ЕЛСТАТ.

Цените на храната и безалкохолните пијалоци се зголемија во мај за 3,1 отсто на годишно ниво, забавувајќи во однос на априлските 5,4 отсто, а цените во грчкото здравство се зголемија за 2,2 отсто на годишно ниво во однос на априлските 3,6 отсто.

Цените на облеката и обувките се зголемени за 6,4 отсто на годишно ниво, а на превозот за четири отсто.

Во мај алкохолните пијалоци и тутунот поскапеле за 1,6 отсто на годишно ниво, во рекреација и култура за 2,2 отсто, а во образование за 3,5 отсто. На месечна основа, цените во Грција се намалија за 0,3 отсто во однос на април.

Екстремно висока инфлација има во Турција и таа ќе се намали во 2026 година. 

Годишната стапка на инфлација се зголеми во мај од 69,8 отсто во април на 75,45 отсто, објави претходно турскиот институт за статистика Туркстат. На месечна основа, инфлацијата се зголеми за 3,37 отсто во однос на април, а годишната базна стапка на инфлација во Турција благо се намали од 75,81 отсто на 74,98 отсто во мај.

foto freepik.com/jcomp

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НЕМА ПОВРЕДЕНИ ВО ВОЗИЛОТО ШТО ИЗЛЕТА НА ПАТОТ СТРАЖА –

28/11/2026
Македонија

В НЕДЕЛА СНЕГ, ПОТОА ЌЕ СТЕГНЕ СТУДОТ Утрински температури од

28/11/2026
Македонија

ВОЗИЛО ИЗЛЕТА КАЈ ПАТОТ СТРАЖА-ГОСТИВАР Во тек е спасувачка акција

28/11/2026
Македонија

СКОПЈЕ ЌЕ ЈА ПРЕЧЕКА НОВАТА ГОДИНА БЕЗ ОГНОМЕТ НА ПЛОШТАДОТ

28/11/2026
Македонија

СЕ ЧИСТИ СНЕГОТ НА ПРЕВОИТЕ, ДЕЖУРНИТЕ НА ТЕРЕН Сите патни

28/11/2026
Македонија

БРУТАЛНОТО ПРЕТЕПУВАЊЕ ВО ГОСТИВАРСКО СЕ ИСТРАЖУВА КАКО УБИСТВО ВО ОБИД

28/11/2026
Македонија

СЕ ОТВОРААТ 1.200 РАБОТНИ МЕСТА СО ИЗГРАДБАТА НА АВТОПАТОТ ПРИЛЕП

28/11/2026
Македонија

ЈА ТЕПАЛЕ И ПАРТНЕРОТ И НЕГОВИТЕ РОДИТЕЛИ Девојка на 19

28/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46983
  • Регион 4000
  • Свет 23
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НЕМА ПОВРЕДЕНИ ВО ВОЗИЛОТО ШТО ИЗЛЕТА НА ПАТОТ СТРАЖА – ГОСТИВАР Автомобилот се движел со

28/11/2026

Нема повредени во возилото што вечерва излета на патниот правец од превојот Стража кон Гостивар, неофицијално дознава Плусинфо. Според првичните

В НЕДЕЛА СНЕГ, ПОТОА ЌЕ СТЕГНЕ СТУДОТ Утрински температури од -18 во среда

28/11/2026

Облачно време со повремени локални врнежи, претежно од снег, нè очекува утре, недела, 29 ноември. Во пониските места долж Повардарието

ВОЗИЛО ИЗЛЕТА КАЈ ПАТОТ СТРАЖА-ГОСТИВАР Во тек е спасувачка акција

28/11/2026

Возило се преврте на планински превој, во тек е акција за извлекување на повредените. Очевидци јавуваат дека сообраќајна незгода се

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy