Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Индонезија и Русија потпишаа договор за екстрадиција
Македонија

Индонезија и Русија потпишаа договор за екстрадиција

31/03/2023

AA

Индонезија и Русија потпишаа договор за екстрадиција, објави Ројтерс. Министерот за правда на Индонезија го поздрави потегот, за кој рече дека треба да ги зајакне активностите за борба против прекуграничниот криминал, од перење пари до сајбер криминал.

Договорот го потпишаа индонезискиот министер за правда и човекови права Јасона Лаоли и неговиот руски колега Константин Чуиченко на церемонија на туристичкиот остров Бали. „Ова е многу важно бидејќи ни помага да се справиме со транснационалните злосторства како што се компјутерскиот криминал, перењето пари, дрогата и корупцијата“, рече Џејсона.

Индонезија има дипломатски односи со Русија од 1950 година и тие остануваат добри и покрај војната во Украина.

Минатата година, индонезискиот претседател Џоко Видодо ги посети Москва и Киев во обид да ги рестартира мировните преговори и да бара начини како да го донесат житото на светските пазари.

Руските граѓани се меѓу најголемите групи странски туристи кои пристигнуваат во Индонезија, покажува статистиката. По ублажувањето на мерките за Ковид, во периодот од септември до јануари годинава над 77.500 руски граѓани ја посетиле Индонезија.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Горан Митков го освои грузискиот врв Казбег висок 5.054 метри

16/08/2026
Македонија

Масовна тепачка во Кочани, приведени неколку лица

16/08/2026
Македонија

Бугарија врати 11,6 тони македонски пиперки поради пестицид

16/08/2026
Македонија

Тетовец осомничен за загрозување на сигурноста на сопругата и ќерката

16/08/2026
Македонија

Избувна пожар над село Вражале: Екипите се на терен, за

16/08/2026
Македонија

Националниот парк „Пелистер“ ги поврзува Големо Езеро и Брајчино преку

16/08/2026
Македонија

Ангелов: Монтиравме базен до реката Треска за хеликоптерот да истура

16/08/2026
Македонија

Малолетници нападнале и му се заканувале на малолетник во Градски

16/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45056
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Зеленски бара силни санкции за Русија – удар по нафтата, банките и оружената индустрија

26/06/2025

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес изјави дека главните цели на 18-тиот пакет санкции на ЕУ треба да бидат нафтата,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy