Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Индијци работат во Србија, ги прашавме дали би работеле во Македонија?
Економија

Индијци работат во Србија, ги прашавме дали би работеле во Македонија?

30/01/2023

AA

Индијци веќе работат
во Србија, а дел од индиските граѓани ги контактираат своите сонародници за да
прашаат дали и тие би можеле да најдат некаква работа кај нашиот северен сосед и колкави се платите.

Прадеп Мудалиар
од Индија е механичар кој месечно заработува до 260 долари во својата земја и
се обидел да најде работа во Србија, но засега не успеал во намерата. Објаснува
дека 260 долари не се доволни за да опстане едно семејство. Овој човек за
Фактор вели дека би се преселил во странство, би дошол и на Балканот, но
македонската просечна плата за него е мала за да опстане овде. За него е важно
дали освен платата, би имал обезбедено сместување и оброци. Објаснува дека би
прифатил работа во регионов, но за плата од 800 евра, затоа што дома не плаќа
кирија, инфлацијата е ниска, но овде како странец ќе мора да плаќа за
сместување, а воедно иако не располага со точни податоци, знае дека скоро сите
земји имаат висока инфлација. Кога му кажавме колку изнесува македонската
минимална, а колку просечна плата, смета дека примањата се ниски.

„Минимална плата од
300 евра е многу мала, а би работел за 800 евра. Не знам точно каква е
состојбата во Србија, слушнав дека земјата е скапа. Таму трошоците за живот се
доста повисоки за разлика од Индија. Сега во Европа има висока инфлација, а во
Индија е ниска, нешто над 5 отсто. Индијците одат во странство за да работат и
тоа најчесто во САД, Канада, Малезија и Сингапур“, раскажува Мудалиар.

Депак Рајани,
Индиец кој живее и работи во Берлин, вели дека голем број негови сонародници се
селат во Германија затоа што имиграцијата е олеснета. Додава дека Индијците таму почнуваат да работат за плати од над 2.000 евра. Објаснува дека Балканот нуди помалку можности и пониски плати. 

„Тоа е добро
познат факт, дека доселувањето е олеснето во Германија. Но, не знам колкави се трошоците за
живот во Србија или Македонија, затоа што не сум бил таму. IT инженерите кои имаат искуство,
заработуваат и по 80.000 евра годишно во Германија“, вели тој.

Групите на
социјалните мрежи каде Индијците се информираат за работа во Србија имаат по
неколку илјадни членови. Индијци веќе живеат и работат во Белград. Ангажирани се како возачи на автобус, градежници, помошни
работници. Во Србија во 2020 година легално регистрирани биле 410 работници од
Индија, но работата на „црно“ сепак постои. И дел од македонските работодавци
истакнуваа дека Македонија треба да размислува за „увоз“ на работна сила. Неодамна светските медиуми пишуваа дека Индија има
огромна млада популација за која државата нема да може да обезбеди работни
места, поради што во иднина се можни социјални немири. Беше наведено дека
лекари се нафаќаат да работат за плата од 300 долари. Лани во мај, просечната
плата во Индија изнесувала 422 долари. 

Сања Атанасовска

foto freepik.com/tongstocker1987

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПО 11 ГОДИНИ ОХРИД ЌЕ ДОБИЕ ЗАТВОРЕН БАЗЕН Владата обезбеди

06/10/2026
Македонија

ПРЕВЕЗУВАЛ ДРВА БЕЗ ЖИГ, СЕ ОБИДЕЛ ДА ПОБЕГНЕ Арачиновец приведен

06/10/2026
Македонија

ЦЕЛА ГОДИНА СО ШИФРА „ДОДАВАЛА“ ВОЗАЧКИ ДОЗВОЛИ ВО МВР Имала

06/10/2026
Македонија

ОБВИНИТЕЛ БАРА ДОЖИВОТЕН ЗАТВОР ЗА ОБВИНЕТИОТ ЗА 4 УБИСТВА ВО

06/10/2026
Македонија

ПЕНЗИОНЕР ПУКАЛ ВО ВОЗДУХ ПО СЕМЕЈНА РАСПРАВИЈА 76-годишен охриѓанец нападнал

06/10/2026
Македонија

ЗЛАТО, СКАПИ ЧАСОВНИЦИ И ЧАНТИ „ХЕРМЕС“, „ЛУЈ ВИТОН“ И „ДИОР“

06/10/2026
Македонија

📷 САМО ШТО ВСЕЛЕН, ВЕДНАШ ГО ЗАТНАЛЕ СО ВЛАЖНИ МАРАМИЦИ

06/10/2026
Македонија

ЈА ИСТЕПАЛА 19-ГОДИШНАТА ЌЕРКА, ГО МАЛТРЕТИРАЛА И СВОЕТО БЕБЕ Пријава

06/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46014
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПО 11 ГОДИНИ ОХРИД ЌЕ ДОБИЕ ЗАТВОРЕН БАЗЕН Владата обезбеди 470 милиони денари за довршување

06/10/2026

Изградбата на затворениот базен во Охрид ќе продолжи по речиси 11 години од почетокот на проектот, откако Владата на денешната

ПРЕВЕЗУВАЛ ДРВА БЕЗ ЖИГ, СЕ ОБИДЕЛ ДА ПОБЕГНЕ Арачиновец приведен во Липково

06/10/2026

Шеесет и петгодишен жител на Арачиново бил приведен вчера во Липково откако со товарно возило превезувал дрва без жиг, а

ЦЕЛА ГОДИНА СО ШИФРА „ДОДАВАЛА“ ВОЗАЧКИ ДОЗВОЛИ ВО МВР Имала и посредник, пријавени се вкупно

06/10/2026

Вработена во Министерството за внатрешни работи ја користела сопствената шифра за пристап до електронскиот систем на министерствот за незаконско додавање

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy