
ИНЦИДЕНТ ВО ВЕЛЕС: Фановите се „истепаа“ со одбојкарите на Шкендија, летаа столчиња, шишиња… (ВИДЕО)
Провокациите од мал дел на публиката направија вистински хаос по крајот на одбојкарскиот дуел во Велес, помеѓу екипите на Борец и тетовска Шкендија.
Гостинските играчи почнаа да се тепаат со домашните навивачи, иако во салата едвај и да имало гледачи.
Фановите и одбојкарите на Шкендија се гаѓаа со столчиња, шишиња и други тврди предмети.
Шкендија објави соопштение на социјалните мрежи со кое извести дека одбојкарите и членови на стручниот штаб давале исказ во полиција.