Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Народот повторно на улица – ќе се оддаде почит за сите прерано заминати чеда, но ќе се бара и правда!
Македонија

Народот повторно на улица – ќе се оддаде почит за сите прерано заминати чеда, но ќе се бара и правда!

11/04/2023

AA

Утре во 17 часот пред Клиничката болница во Битола ќе има протест поради смртта на новороденчето, како и смртта на малата Јана која почина кон крајот на март на Педијатриското одделение во болницата.

Според најавите на социјалните мрежи, ќе биде вклучена и сирена.

„Ќе носиме сирена, ќе ја вклучиме а потоа ќе одадеме една минута почит за сите прерано заминати чеда, родители и пријатели и ќе си отидеме… Нека сирената ја означи алармантната сотојба во болницата, а молкот нека биде за наш потсетник за тие на небесата, оти сите немо седиме и чекаме промените од небо да паднат, а не ние да ги створиме час поскоро за да спасиме нечии живот“, се вели во најавата.

Шестгодишната Јана почина во битолската болница откако примила инфузија, а родителите велат дека се работи за лекарска грешка. Според првичните извештаи, најверојатно причина за смртта е вирусен инфект кој го погодил срцето, но се уште се чекаат резултати од нејзината обдукција.

Обдукција ќе се прави и на новороденчето кое почина вчера, а тука се поставува и прашањето зошто мајката била пуштена дома откако и била дадена таблета за провокации, по која бебето треба да биде цело време под надзор преку CTG апаратот.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ВЕЧЕРВА ПОЧУВСТВУВАН ЗЕМЈОТРЕС ВО СКОПЈЕ: Магнитуда од 2,5 степени според

02/08/2026
Македонија

На 103 години почина д-р Никола Стојановски, претседавач на првото

02/08/2026
Македонија

Скопјанец тешко повреден откако со мотоцикл се судрил со автомобили

02/08/2026
Македонија

Ангелов: Под контрола дваесетина пожари ширум земјава, водата во Гостивар

02/08/2026
Македонија

Вкупно 21 пожар низ Македонија, се уште активни во Крива

02/08/2026
Македонија

Сообраќајна несреќа на патот Кичево-Охрид: Четири лица повредени, од кои

02/08/2026
Македонија

Дете од Берово испило капсула за перење алишта

02/08/2026
Македонија

Семеен инцидент во Охрид: Физички ја нападнал сопругата откако таа

02/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44816
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ВЕЧЕРВА ПОЧУВСТВУВАН ЗЕМЈОТРЕС ВО СКОПЈЕ: Магнитуда од 2,5 степени според Рихтер

02/08/2026

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје информира дека вечерва е регистриран слаб земјотрес во скопското епицентрално подрачје. ​Според официјалните

На 103 години почина д-р Никола Стојановски, претседавач на првото повеќепартиско Собрание и долгогодишен претседател

02/08/2026

Во 103. година од животот почина д-р Никола Стојановски, потврди неговото семејство. Тој беше првиот претседавач на повеќепартиското Собрание на

Скопјанец тешко повреден откако со мотоцикл се судрил со автомобили на граница со Грција

02/08/2026

МВР информира дека вчера наутро во 08:05 часот во Полициската станица Гевгелија е пријавено дека на автопатот А1, во близина

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy